Бахан или Бахова (, Тригоно; до 1927 г. Μπαχάν или Μπεχάν, Бехан) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Бук во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1923 г. било населено со Македонци муслимани.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Драмски Чеч, во југоисточните падини на Родопите, североисточно од градот Драма, на надморска височина од 520 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Бахан било македонско село во Драмската Каза на Драмскиот Санџак. По податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Бахова имало 348 Македонци муслимани.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во пописот од таа година е испуштено од евиденција, додека во пописот од 1920 г. е евидентирано со 217 жители.
Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени 14 бегалски семејства (вкупно 58 бегалци) од Мала Азија. Во 1927 г. селото е преименувано во Тригоно (Τρίγωνο).
Селото наполно настрадало за време на Граѓанската војна (1946–1949) и никогаш не било обновено, поради што е избришано од евиденција.
Население
Наводи
Категорија:Историски села во Бук Категорија:Чеч