— манга напишана и илустрирана од Казухиро Киучи. Била објавувана во списанието за сеинен-манга на Kodansha, Weekly Young Magazine, од 1983 до 2003 г., а поглавјата биле собрани во 48 тома танкобон. Серијата била адаптирана во седум играни филма, видеоигра и серија оригинална видеоанимација (OVA).
Мангата продала преку 40 милиони примероци, што ја прави една од најпродаваните манги на сите времиња. Во 1988 г., серијата ја освоила 12. Награда за манга на Kodansha во „Општата категорија“.
Содржина Серијата се врти околу животите на двајца насилни средношколски другари, Хироши Като и Тору Накама, кои често предизвикуваат неволји и започнуваат тепачки. Тору и Хироши ја завиткуваат косата и исто така усвојуваат претерано дрзок од. Мангата содржи и низа необични ликови што носат несекојдневна облека и фризура.
Медиуми Манга Напишана и илустрирана од Казухиро Киучи, Be-Bop High School била објавувана во списанието за сеинен-манга на Kodansha, Weekly Young Magazine, од 1983 до 2003 г. Kodansha ги собрала нејзините поглавја во 48 тома од типот танкобон, издадени од 17 март 1984 г. до 6 јануари 2004 г.
Една спиноф-пародија од Мемеока Манхиру, насловена Be-Bop Kaizokuban, била објавувана во Bessatsu Young Magazine, а нејзините поглавја биле собрани во шест тома танкобон, издадени од јануари 1990 до јануари 1996 г.
Играни филмови Постојат седум играни филма засновани на мангата; шест филма во режија на Хиројуки Насу објавени помеѓу 1985 и 1988 г., и еден филм од 1994 г. во режија на самиот автор на мангата, Казухиро Киучи. (14 декември 1985 г.) (9 август 1986 г.) (21 март 1987 г.) (12 декември 1987 г.) (6 август 1988 г.) (17 декември 1988 г.) (19 февруари 1994 г.)
Видеоигра Видеоиграта, насловена , била издадена на 30 март 1988 г. од Data East за конзолата Famicom на Nintendo.
Оригинална видеоанимација Адаптација во вид седумделна оригинална видеоанимација (OVA), анимирана од Toei Animation, била издавана од 26 јануари 1990 до 11 декември 1998 г. Триделна OVA заснована на Be-Bop Kaizokuban била издавана помеѓу 1991 и 1993 г.
Телевизиска серија Специјална адаптација во вид дводневна телевизиска драмска серија била прикажана на TBS на 16 јуни 2004 г. и 17 август 2005 г.
Прием Мангата продала преку 40 милиони примероци. Осмиот том на серијата имал почетен тираж од 2,27 милиони примероци во 1987 г., што го направило најголемиот почетен тираж на издавачот на сите времиња; рекордот бил урнат од 13. том на мангата Напад на титаните во 2014 г., кој имал почетен тираж од 2,75 милиони примероци.
Во 1988 г., заедно со Bonobono, Be-Bop High School ја освоил 12. Награда за манга на Kodansha во „Општата категорија“.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Манги Категорија:OVA Категорија:Манга од 1983 година Категорија:Филмови од 1985 година Категорија:Филмови од 1986 година Категорија:Филмови од 1987 година Категорија:Филмови од 1988 година Категорија:Игри за NES Категорија:Филмови од 1994 година