Брутиски здравец () — растение кое е дел од семејството здравци.https://powo.science.kew.org/taxon/urn:lsid:ipni.org:names:372840-1

Опис Општи одлики и стебло Брутискиот здравец е едногодишно, а поретко повеќегодишно тревесто растение, кое достигнува висина до 40 см. Од основата на растението се развиваат повеќе вертикално поставени стебла. Стеблото е покриено со куси прости и жлездести влакна, како и со долги расперени прости влакна.

Листови Листовите од двете страни се покриени со расперени влакна, а по облик се тркалезни или тркалезно-бубреговидни. Тие се пересто-насечени до 1/2 или 2/3 од својата површина на 5 до 7 делови, кои на самиот врв обично завршуваат со 3 заба. Базалните листови имаат долги дршки. Најдолните листови на соцветието (заедно лиската и лисната дршка) се помали од должината на наспрамната дршка на соцветието, при што лисната дршка е покуса од самата ламина (лиска). Лисните дршки се покриени со густи куси и поретки долги прости влакна, како и со куси жлездести влакна. Прилисниците се копјести, постепено долго заострени, со светлокафеава боја и се влакнести.

Соцветие и цвет Цветовите се распоредени по два заедно на една долга заедничка дршка. Самите цветни дршки се покуси од дршката на соцветието. Нивната површина е покриена со густи куси и ретки долги прости влакна, како и со ретки куси жлездести влакна. На границата помеѓу цветните дршки се наоѓаат 4 мали, копјести и влакнести прицветници (прицветници).

Чашка и венче Чашката е мала, но својствено е што кај зрелите плодови таа се зголемува. Чашкините ливчиња се елиптично-копјести, со должина од околу 3–4 мм, обоени се зелено и се заострени на врвот. На нив се забележуваат 3 речиси невидливи зелени жили. Нивната површина е покриена со густи, куси, прости, жлездести и расперени влакна, како и со ретки, долги, прости влакна. Венчето е со розова боја. Венечните ливчиња се долги од 6 до 11 мм, имаат обратно-јајцевиден облик и се всечени (вдлабнати) на самиот врв.

Прашници и плод Прашниците вообичаено се долги колку и чашкините ливчиња. Прашниковите конци (филаментите) се многу малку проширени кон својата основа, а во долниот дел по работ се покриени со ретки куси влакна. Плодните делови се со светлокафеава боја, голи и имаат попречни (трансверзални) брчки. Клунестиот дел на плодот е покриен со ретки и многу куси четинести влакненца. Семките се светлокафеави по боја и имаат мазна површина.

Живеалиште Брутискиот здравец се среќава на тревести места, ливади, камењари, урнатини, покрај патишта и на други слични станишта, на надморска височина до 1.600 метри.

Распространетост

Македонија Во Македонија растението е евидентирано на следниве месности: Скопски Регион: Околината на градот Скопје, Скопска Црна Гора, планината Жеден и Жеденската Клисура; Западен и Југозападен Регион: Планината Бистра, Дебар (село Баниште), планината Галичица, Кичево (автобуска станица Кладник) и Ресен (село Отешево); Пелагониски Регион: Планината Пелистер (над селото Нижеполе); Повардарие и Североисточен Регион: Клисурата на реката Тополка, Куманово (Кумановска Бања); Источен регион: Пробиштип (месност Костомар) и Осоговски Планини (над манастирот „Св. Јоаким Осоговски“).

Наводи

Категорија:Здравец Категорија:Статии со микроформати за вид