Расеченолистен здравец () — растителен вид од родот здравец. По потекло е од Европа.
Може да се најде и на други континенти, во некои случаи како воведен вид. Може да се најде во Северна Америка.
Се вели дека екстрактите од расеченолистен здравец ја подобруваат стапката на ртење на семето од коноп. лево|мини| Плодови од расеченолистен здравец, еден неиспуштен, од кои два ги испуштиле своите толчници со исфрлање на семето додека боцките се сушат, се собираат и еластично се одвојуваат. лево|мини| Листовите се длабоко расечени
Опис
Општи одлики и стебло Расеченолисниот здравец е едногодишно растение со висина од 10 до 50 см, кое развива повеќе стебла кои излегуваат непосредно од основата. Стеблото е аглесто, покриено со полурасперени влакна кои се свртени надолу. Во горниот дел на стеблото, како и во областа околу соцветието, се појавуваат и специфични жлездести влакна.
Листови Листовите имаат тркалезен или тркалезно-бубреговиден облик и достигнуваат од 2 до 5 см во пречник. Тие се пересто-насечени речиси до самата основа на 5 до 7 дела, кои пак од своја страна се еднаш до двапати пересто-насечени на линејни сегменти. Постои разлика во влакнавоста и лисните дршки: Горна страна - речиси гола или со ретки полурасперени влакна свртени нагоре. Долна страна: - покриена со многу погусти влакна. Базалните (приземните) и долните стеблени листови имаат дршки кои се 2 до 3 пати подолги од самата лиска(ламина). Погорните листови имаат дршки кои се пократки од лиската.
Стеблените листови се поставени наспрамно. Прилисниците се копјести, заострени и густо влакнести, особено по своите рабови.
Соцветие и цвет Цветовите се распоредени по 2 заедно. Цветната дршка е еднаш до двапати подолга од чашката, додека дршката на самото соцветие обично е малку пократка од неа. Двете дршки заедно се главно пократки од пазувниот лист. Тие се густо покриени со куси расперени влакна, како и со долги жлездести влакна кои се забележливо погусти кај самите цветни дршки.
Чашка и венче Чашката е мала и со зелена боја. Чашкините ливчиња се долги околу 4–5 мм, имаат 3 изразени жили по површината и се покриени со полурасперени прости и расперени жлездести влакна. На самиот врв завршуваат со шиловиден продолжеток со должина од околу 1 мм. Како што се развива плодот, чашката се зголемува, а цветната дршка се поставува странично расперено.
Венчето е со карактеристична црвеникаво-виолетова боја. Венечните ливчиња се всечени на врвот, со должина која е еднаква или пократка од чашката, а во нивната основа се наоѓаат расперени влакна.
Прашници и плод Прашниците се пократки од венчето на цветот. Прашниковите конци (филаменти) се ланцевидно проширени кон својата основа и имаат полурасперени влакна распоредени по работ.
Плодните делови се влакнести. Клунестиот дел на самиот плод е густо покриен со куси влакна, како и со расперени долги жлездести влакна. Семките имаат кафеава боја и специфична мрежеста структура по својата површина.
Живеалиште Овој вид најчесто се среќава по ливадите во низинските делови.
Распространетост Подрачја на природна распространетост на видот се: 2001. TDWG – World Geographical Scheme for Recording Plant Distributions, 2nd Edition Азија Средна Азија Авганистан, Таџикистан Западна Азија Кипар, Источноегејски Острови, Иран, Ирак, Либан-Сирија, Северен Кавказ, Палестина, Закавказје, Турција Европа Албанија, Австрија, Балеарски Острови, Балтички држави, Белорусија, Белгија, Бугарија, Средноевропска Русија, Корзика, Чехословачка, Данска, Источноевропска Русија, Финска, Франција, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Крим, Холандија, Северноевропска Русија, Северозападна европска Русија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Сардинија, Сицилија, Јужноевропска Русија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Европска Турција, Украина, Југославија. Африка Северна Африка Египет, Либија, Мароко, Тунис Макаронезија Азори, Канарски Острови, Мадеира
Македонија Во Македонија, овој вид е официјално забележан и познат на следниве места: во околината на Скопје (с. Петровец, с. Идризово и околината на Катлановско Блато), во рамнината помеѓу Тетово и Гостивар, во Таорска Клисура, клисурата на реката Пчиња, клисурата на реката Тополка, околината на Свети Николе (с. Ерџелија, с. Кадрифаково), Штип (локалитет Кумлак), околината на Пробиштип, во околината на Прилеп (с. Кривогаштани) и во околината на Битола (локалитет Смолево).
Поврзано Здравец (род)
Наводи
Надворешни врски
Jepson Manual Treatment - Geranium dissectum Geranium dissectum - U.C. Photo gallery
Категорија:Флора на Обединетото Кралство Категорија:Флора на Европа Категорија:Здравец Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј