мини| Цветна ложа (сиво обоена) во однос на плодникот (црвена обоен) кај три вида цветови: хипогини (I), перигини (II) и епигини (III) Цветна ложа () — проширен и скратен врвен дел од цветната дршка на кој се прикачени сите други делови на цветот, како што се чашкините и венечните ливчиња, прашниците и плодот.
Одлики Кај повеќето скриеносемени растенија, како цветната ложа е едвај забележлива, но најчесто е скратена во сад, кој понекогаш е малку заоблен или дискоиден. Кај голосемениците, како и кај некои примитивни скриеносеменици, таа е конусна. ; 31.7.2003. Понекогаш е многу издолжена, како кај некои видови, а може да биде и шуплива, како кај розите, црешите и сливите. Во цветната ложа на хипогините цветови, спроводните снопчиња од цветната дршка се шират, давајќи изглед на широк превртен конус, додека кај епигините цветови спроводливиот систем е посложен, бидејќи плодникот се наоѓа длабоко во цветната ложа. Во овој случај , спроводните снопчиња минуваат низ цветната ложа сè до нивото на чашкините и венечните ливчињат. Кај перигин цвет, цветниот сад е шуплив и го опкружува плодникот, но за разлика од епигиниот, не е споен со неговиот ѕид.: „Репродуктивни растителни органи - толчник“ , стр. 2.
Улога Покрај тоа што содржи други органи на цветот, цветната ложа учествува и во образувањето на плодот. Така на пример, главниот дел на јаболкото е составен од цветната ложа, додека кај јагодата ситните плодови се поврзани со голема и сочна цветна ложа, која се јаде.: „Растителни органи - плод и семе“ , стр. 3.
Примери Кај кајсијата, цветната ложа е влакнеста: „Правење ракија од кајсии“ ; 21.9.2009., кај шипките има и влакна слични на влакна и е обликувана како чаша во која се наоѓаат оревчињатаБионет-школа: „Шипак“ , Приступљено 30. 4. 2013., додека кај Anthemis arvensis е издолжена-конусна и содржи листови слични на лушпи Агро: Серијал; „основи хербологије“ (12); преузето из књиге „Основи хербологије“ аутора М. Којића и В. Јањића 1994. Институт за истраживање у пољопривреди „Србија“. Београд. .
Наводи
Категорија:Растителна морфологија Категорија:Цвет