— манга и аниме-серија, што раскажуваат за тоа како поранешниот член на уличната банда „Онибаку“, моторџијата Онизука, решил да стане најдобриот професор.
Содржина Еикичи Онизука, познатиот водач на бандата „Онибаку“, заедно со својот поранешен соученик Рјуџи пристигнува во Токио во потрага по подобар живот. Спокојниот и разумен Рјуџи отвора сопствен автосервис, а Онизука решава да се вработи како професор во училиште.
Препрека на патот кон среќниот живот на предавач станува необразованоста на Еикичи и неговото рамнодушно однесување кон сопствениот предмет. Нормално е дека во државно училиште нема што да бара — нема никакви шанси да го положи испитот за стручна оспособеност — па затоа единствениот пат до улогата на професор за Онизука води преку приватните училишта. По долги маки и несреќи, тој конечно успева да се вработи во академијата Света Шума, каде што веднаш се впушта во судир со заменик-директорот и станува класен раководител на најпроблематичниот клас во училиштето. Учениците веднаш му објавуваат војна на новиот предавач, но искреноста и едноставноста на Онизука му овозможуваат малку по малку да ја освои почитта и на учениците и на нивните родители, како и на наставничкиот колектив.
Сите обиди да го истераат Онизука од училиштето поради неговата професионална неспособност завршуваат неуспешно поради непосредноста, едноставноста и педагошкиот талент на младиот професор. Тој го надоместува недостатокот на сериозност со искрен ентузијазам и упорност.
Ликови
Главни ликови — 22 години; неженет; е поранешен капетан на универзитетската екипа во карате, славен моторџија (поточно босозоку), кој води разуздан живот. Онизука е многу лош професор — тој спие над учебниците, им мрмори материјал на учениците од книгата и воопшто не ги познава сопствените предмети — историја и социологија — но е одличен класен раководител. Не поставува граници помеѓу професорот и ученикот и не одбива никому помош. И покрај неговата привидна несериозност, тој секогаш длабоко навлегува во проблемите на своите штитеници и секогаш наоѓа несекојдневно, но ефикасно решение. Онизука нема да застане пред ништо за да му помогне на ученикот и да докаже дека е вистински професор. Најмногу од сѐ на светот ги цени чесноста и пријателите.
— млада предавачка во академијата Света Шума. Весела, шармантна девојка, која многу одговорно се однесува кон наставната работа и многу се загрижува поради какви било конфликти со своите ученици. Предмет на жешка страст на Онизука, е во топли пријателски односи со него и секогаш му помага при проблеми со работата и учењето. Според мангата, многу му симпатизира на Онизука, секојпат кога зборува со некого за него, соговорникот обично забележува дека Фујуцуки зборува со одвај прикриен восхит. Многу сака да личи на Онизука во поглед на односот кон учениците. Еднаш дури се обидела да го подражава во воспитната работа со ученичките од нејзиниот клас (што го направила по совет на Онизука, и ѝ испаднало доста добро). Кога дознала дека Еикичи има смртоносно опасна патологија на мозокот, конечно си признала сама на себе дека е вљубена во него и била подготвена на сѐ за да се согласи на операција (од која тој категорично одбивал).
— навредлив и тврдоглав заменик-директор на академијата Света Шума. Луто го мрази Онизука затоа што недоволно сериозно се однесува кон образовно-воспитната работа и поради неговите лекомислени испади. Раздразливоста на Учијамада е предизвикана од тешки семејни проблеми — тој одамна го загубил статусот глава на семејството, не го почитува ќерката и не го сака сопругата. За чест на заменик-директорот треба да се додаде дека покрај сите свои негативни страни, тој навистина ги сака децата и ја цени својата работа. Според мангата, заменик-директорот ја става својата работа над сѐ, дури е подготвен да го жртвува животот на ученик за да остане на својата должност. Но откако му рекол на Онизука дека може да се жртвува еден ученик заради преостанатите четиристотини, последниов му одржал лекција на заменик-директорот и со своите докази го натерал да го преиспита светогледот на Учијамада и да се сети зошто тој сакал да стане професор. После тоа, заменик-директорот дури се исполнил со почит кон Онизука и одредено време се обидувал да ги затвора очите пред неговите испади.
— директорка на академијата Света Шума, постара жена што сака да работи како бифеџика во своето училиште. Прониклив психолог и преубава специјалистка. Го брани Онизука со сите сили, бидејќи е уверена дека на училиштето му треба таков човек.
— поранешен соученик и соборец од бандата на Онизука, сега сопственик на сопствен автосервис. Контакти со Еикичи одржува претежно преку заеднички пијанки, на кои Онизука се опива како свиња, а Рјуџи го транспортира во училиштето на раменици. Кога долгот на Еикичи кон Рјуџи пораснал над шестоцифрени броеви, Рјуџи се заветил дека нема да му помага на пријателот со пари, па сега може да му помогне на Онизука само со совет и морална поддршка. Впрочем, имајќи предвид дека Данма е многу понапреден во размислувањето од неговиот пријател распуштеник, и таквата помош значи многу.
— еден од старите пријатели на Еикичи Онизука и Рјуџи Данма, поранешен водач на разбојничка банда, денес полициски службеник. Алчен и похотлив, исто како и Еикичи, не го сака многу и не го смета за пријател, но сепак одвреме-навреме си помагаат еден на друг.
Ученици во академијата Света Шума — програмер и дизајнер, солидно владее со карате. Училиштен гениј што прв се приклучил кон бојкотот против Онизука и прв се повлекол од него, заклучувајќи дека новиот професор не е како претходните (од кои шестмина ги натерал да си заминат од работа во академијата) и дека на Онизука може да му се верува. Смирениот Кикучи претставува одлична противтежа на импулсивниот Онизука и секогаш е подготвен да му помогне на последниов со добра идеја и паметен совет. Според мангата, пуши.
— момче со исклучително силен мајчински комплекс. Не поднесува кога Онизука флертува со неговата многу млада и многу убава мајка. Уште еден активен член на бојкотот против Онизука, кој сепак се симпатизира со него, стекнал доза на почит и поминува многу време со него. Храбар и бестрашен дечко со лидерски квалитети.
— генијална, пресметлива и ладнокрвна девојка. Нејзиниот коефициент на интелигенција надминува 200 поени, но тоа повеќе ѝ било трагедија отколку среќа. Нејзината мајка сакала да има деца без мажење и тогаш се одлучила на вештачко оплодување. Нејзините необични умствени способности прво ги одбивале врсниците и ги привлекувале професорите, а потоа обратно. Таа натерала неколку професори да дадат отказ, но училишната администрација ја држи девојката затоа што добила царска стипендија. Тешка траума на психата на Канзаки ѝ оставила расправијата со првата професорка, а таа траума ја олеснила само интервенцијата на Онизука. Ги пропуштала часовите бидејќи не ѝ било интересно да учи на училиште, но се вратила кога слушнала за новиот професор. Канзаки топло се однесува кон Кикучи, Еикичи и Томоко, а повеќе од ладно кон сите останати. Нејзиниот психолошки развој се поместил од мртва точка по средбата со новиот професор. Според мангата, откако Онизука ја спровел својата „терапија“ со неа, Уруми многу се приврзала кон него и дури почнала да чувствува љубов кон Онизука. Кога Еикичи завршил во болница и бил на смртна постела, таа дури се обидела да си ги пресече вените (197. издание). Има хетерохромија, очна состојба што предизвикува нејзините очи да бидат во различни бои.
— училиштен аутсајдер, тивок ученик со слаби оценки, љубител на игри на играчка конзола. Како најслаб ученик во класот, тој постојано е предмет на потсмев и малтретирање од девојките, особено од Уехара. Духот на Јошикава бил целосно скршен, неколкупати се обидувал да изврши самоубиство, но Онизука му го спасил животот и му пружил поддршка во одбраната од постојаните понижувања. Јошикава е првиот и најверен пријател на Онизука во академијата Света Шума. Низ заплетот тој многу се менува и се покажува сѐ посмел и похрабар. Така, без размислување се фрла да ја спаси Анко (која најмногу му го труела животот на училиште), која паднала од карпа во океанот. Потоа, на истата таа Анко ѝ покажува цврстина на карактерот и способност брзо да ја анализира ситуацијата.
— ладна и затворена во себе, најупорната противничка на Онизука во училиштето. Главен непријател во анимето. По смртта на нејзината најдобра другарка, смета дека професорите воопшто не ги ценат своите ученици и лесно ќе ги предадат за свои лични интереси. Мијаби се бори за отпуштање на Онизука на секаков начин и воопшто не ги слуша аргументите на своите соученици доколку тие на каков било начин го бранат Еикичи. Во мангата, причината зошто класот се бунтувал против професорите била тоа што еден од претходните професори ја силувал Аизава. Подоцна се дознало дека претпоставениот никој не силувал, а Мијаби, која била вљубена во него, одлучила да му се одмазди откако тој ја предал (одлучил да се ожени со друга жена). Потоа таа се покајала, но се плашела да признае што направила.
— малтретирачка и другарка на Аизава, која покажува најголем ентузијазам во идеите за малтретирање на Јошикава. Се обидува да го понижи Нобору со секакви средства, само за да го сокрие фактот дека е вљубена во училишниот аутсајдер, слабак и плачко. Нобору се плаши од Уехара до степен на паничен страв и ноќни крикови. И покрај тоа, за време на патувањето до островот Окинава, како резултат на постапките од страна на Еикичи, Уехара признава дека го сака Јошикава. Според мангата, пуши.
— другар на Мураи, ученик што во ништо не се истакнува, со средно ниво на успех, кој не бил забележан во никакви компромитирачки дела. Се одликува со кристалната чесност — веројатно затоа што потекнува од скромно семејство, каде што мајката постојано работи за да го обезбеди синот, но никогаш не се жали и строго го воспитува.
— вториот другар на Мураи ја игра улогата на статист „зад грб“. Со ништо посебно не се истакнува. Одвреме-навреме дава реплики, главно поддржувајќи го својот другар.
— многу убава девојка со развиено тело, но детинеста и несмасна, поради што многу страда. Во помладите одделенија била најдобра пријателка на Мијаби. Еикичи ги користи старите врски останати уште од моторџиските времиња за да ја протурка Томоко во модниот бизнис, каде што лесно се задржува поради нејзината убавина и едноставност.
— членка на кошаркарската екипа на академијата, многу висока и силна, но исклучително скромна девојка. Вљубена е во Мураи, поради што има огромни комплекси за својата височина, заради која ја исмејуваат сите момчиња во училиштето. Мураи нема поим за чувствата што Куџиракава ги има кон него, но секогаш протестира против неправедните малтретирања кон неа, поради што еднаш бил претепан. Фујуми не се осмелува да му ги открие своите чувства и се ограничува на тоа да му фрла белешки од некое „Ф.“ во неговата фиокичка за чевли.
Список на епизоди