Штркоклунест здрал () — вид едногодишно растение од семејството здравци. Тие имаат самоодржлива облик на раст и едноставни, широки лисја. Поедини примероци можат да достигнат висина до 21 см.

Опис Растението е повеќе или помалку влакнесто, со поединечни стебла или уште од основата разгрането. Достигнува висина од 10 до 50 см. Стеблото е покриено со расперени, густи, жлездести влакна, додека во долниот дел има и влакна свртени надолу.

Листови Листовите се со лачно искривени и свртени нагоре влакна, кои на горната страна се поретки, а на долната страна се погусти и придружени со жлездести влакна. Имаат јајцевиден до долгнавесто-јајцевиден облик со должина од 6 до 10 см. Во долниот дел листовите се перести и обично имаат 1 или 2 пара ливчиња, додека во горниот дел се длабоко пересто насечени и имаат интеркаларни лобуси помеѓу оддалечените делови. Ливчињата се пересто или двојно-пересто насечени, а завршниот (терминалниот) сегмент е пересто насечен со тапо назабени лобуси.

Лисните дршки (како кај базалните, така и кај стеблените листови) се подолги од лиската (ламината). По нивната површина има расперени подолги и поретки прости влакна, со погусти и покуси жлездести влакна. Прилисниците се јајцевидни до копјести, долги околу 6 мм, ципести, со розова боја (по средината поцрвени), ситно влакнести по површината и со прости, нежни цилии по рабовите.

Цветови Цветовите се распоредени во штитести соцветија. Прицветниците (прицветниците) се неколку на број, јајцевидни или јајцевидно-копјести, ципести, со розова или кафеава боја. Дршката на соцветието е покриена со густи жлездести влакна и ретки прости, лачно искривени влакна. Самите цветни дршки се густо жлездесто влакнести и по прецветувањето имаат одлика да се спуштаат надолу.

Чашката е долга 5 до 7 мм, а во фаза на плодоносење се издолжува и достигнува должина од 9 до 14 мм. Чашкините ливчиња се ципести, со 3 или 5 јасно воочливи зелени жили, покриени со густи, куси, жлездести влакна и завршуваат со шиловидно продолжение со големина од 1,5 до 3 мм. Венчето е црвеникаво-виолетово, а неговите венечни ливчиња се малку подолги од чашкините.

Плод Плодните делови се долги од 8 до 10 мм, покриени со долги, бели, четинести влакна измешани со куси прости и жлездести влакна. На самиот врв имаат 2 вдлабнатини обраснати со жлездести влакна. Клунестиот дел на плодот е исклучително долг и достигнува од 6 до 10 см, покриен со куси, полурасперени, четинести влакна и жлездести влакна во основата.

Живелиште Штркоклунестиот здрал успева по тревести места, покрај грмушести растенија, како и на рудерални станишта (покрај ѓубришта и патишта), на надморска височина до 1.500 м.

Распространетост Подрачја на природна распространетост на видот се: 2001. TDWG – World Geographical Scheme for Recording Plant Distributions, 2nd Edition Европа Средна Европа Чехословачка, Унгарија Југозападна Европа Балеарски Острови, Корзика, Франција, Сардинија, Шпанија Југоисточна Европа Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Крит, Романија, Сицилија, Европска Турција, Југославија Источна Европа Крим, Украина, Африка Северна Африка Алжир, Египет, Либија, Мароко, Тунис Макаронезија Канарски Острови Азија Средна Азија Казахстан, Туркменистан, Таџикистан, Узбекистан Кавказ Закавказје, Северен Кавказ Западна Азија Авганистан, Кипар, Источноегејски Острови, Иран, Ирак, Либан-Сирија, Палестина, Синај, Турција Арапски Полуостров Кувајт, Саудиска Арабија Индиски Потконтинент Пакистан

Распространетост во Македонија Во Македонија видот има поширока распространетост и официјално е регистриран на следниве месности: Околината на Скопје Таорска Клисура Клисурата на реката Пчиња Клисурата на реката Бабуна Околината на Велес Штип Пробиштип – кај манастирот „Костомар“ Куманово – с. Доброшане Овче Поле – покрај реката Брегалница Околината на Валандово Дебар – с. Баниште

Поврзано Здрал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Малта Категорија:Здрал