Ranunculus fluitans е вид на лутиче. Тоа е повеќегодишно водно растение, кое кога е во поволни услови како што е брза вода, може да порасне до 6 метри.J. S. Rodwell; British Plant Communities: Woodlands and Scrub Cambridge University Press, 1990

Опис Ranunculus fluitans нема лебдечки лисја, туку има долги и тесни сегменти слични на реси. Достигнува до 30 см во должина. Долгите, тенки стебла можат да имаат до две цветни стебла. Белите цветови се држат над нивото на водата, тие се околу 2-3 см пречник. Тие се слични на маргаритки, со 6-8 преклопувачки ливчиња околу централна жолта област. Цвета во јуни, а потоа заоблените главички од семе стануваат плодови без влакна. Сличен е по форма на Ranunculus trichophyllus, главните разлики се во бројот на ливчиња од цветот.

Распространетост Ендемично е за Западна Европа.

Во Македонија расте по бавно и брзо истечни води, и претставува многу ретко растение, кое се среќава само во горниот тек на реката Црни Дрим, во околината на Струга. Податоците што се наведуваат во литературата за други места во Македонија, всушност се однесуваат на други видови.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 144, МАНУ, Скопје, 1985

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Италија Категорија:Флора на Унгарија Категорија:Флора на Словачка Категорија:Флора на Словенија Категорија:Флора на Чешка Категорија:Флора на Австрија Категорија:Флора на Швајцарија Категорија:Флора на Полска Категорија:Флора на Германија Категорија:Флора на Шведска Категорија:Флора на Обединетото Кралство Категорија:Флора на Европа Категорија:Лутиче Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија