„Асирскиот цар Асархадон“ (руски: Ассирийский царь Асархадон) — расказ на рускиот писател Лав Толстој од 1903 година.
Содржина Царот Асархадан го уништува соседното царство во кое владее Лаилие, а него го заробува. Додека размислува како да го казни, нему му се јавува старец кој му кажува дека помеѓу него и царот Лилие нема никаква разлика. Старецот го полева со вода царот Асархадан и тој се претвора во царот Лилие. Поради заканите од Асархадан, Лилие започнува воен поход против него, но ја губи битката. Во мигот кога треба да биде погубен, Асархадан пак го добива својот облик. Поучен од зборовите на старецот, тој му ја предава власта на синот, заминува во пустина, а потоа станува богомолец кој проповеда меѓу луѓето.Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 19-24.
Наводи
Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Руски раскази