„Корнеј Васиљев“ (руски: Корней Васильев) — расказ на рускиот писател Лав Толстој од 1906 година.

Содржина Корнеј Васиљев доаѓа во родното село со намера да купи шума. Уште на железничката станица, тој дознава од кочијашот дека жена му Марфа изнајмила еден млад работник – поранешниот нејзин љубовник. Поттикнат од љубомората, кога доаѓа дома, Корнеј ја претепува Марфа при што ја повредува и ќерката (за која Марфа му кажува дека не е негова) и веднаш си заминува. По 17 години, стариот Корнеј оди пеш и во близината на едно село ја среќава ќерката Агафја која не ја препознава, а ниту таа не го препознава него. Во минатото, по враќањето во Москва, Корнеј почнува да пие, му пропаѓа трговијата и станува скитник. Најпрвин живее во Киев, а потоа оди на Кавказ, но таму се разболува и се враќа во родниот крај. Исцрпен од долгиот пат, него го примаат да преноќи во куќата во која е омажена Агафја. Таму, Корнеј дознава дека таа е неговата ќерка и тоа силно го потресува, но не го открива својот идентитет. Оттаму, тој оди во својата куќа, каде Марфа го препознава и не го прима внатре, но синот Фјодор му дава леб. Корнеј пак се враќа кај Агафја и утредента умира во нејзино присуство, а претходно бара прошка од неа и од мајка ѝ. Утредента, Марфа, која ја гризе совеста, оди кај Агафја во потрага по Корнеј, но таму го наоѓа мртов.Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 248-267.

Наводи

Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Руски раскази