Thalictrum aquilegiifolium е вид цветно растение од фамилијата лутичиња, Ranunculaceae. Неговиот автохтон опсег се протега низ Европа и умерена Азија, со натурализирана распространетост во Северна Америка ограничена на Њујорк и Онтарио.
Во Македонија расте по грмушести и тревести места, најчесто на планините. Ова е широко распространето растение кое се среќава од низините па сè до 2000 метри надморска височина.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 148, МАНУ, Скопје, 1985
Расте до 100 см во височина. Тоа е тревесто повеќегодишно растение, со листови составени од набрани ливчиња. На почетокот на летото раѓа гроздови од меки розови цветови во метли со рамен врв.
Растението содржи алкалоид талидизин, кој е присутен и кај други видови од родот Thalictrum.S.W. Pelletier (Editor)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Македонија