Thalictrum lucidum е вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња, Ranunculaceae.
Неговиот роден опсег е од Европа до Западен Сибир и Турција.
Во Македонија расте по влажни ливади, и најчесто во котлините. Познат е за село Петровец, потоа Струмичко, Пехчевско и Таорска Клисура. Се наведува и за Дојранско и Кумановско.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 151-152, МАНУ, Скопје, 1985
Опис Многугодишно растение високо 60-120 см. Стеблото е вертикално и обично неразгрането. Листовите се најчесто приседнати или со куси дршки. Соцветието е јајцевидна или пирамидална метличка, цветовите се жолти, со куси дршки и со бактреи.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј