„Сиромашни луѓе“ (руски: Бедные люди) — расказ на рускиот писател Лав Толстој од 1905 година.
Содржина Додека на морето беснее бура, Жана го очекува враќањето на нејзиниот маж-рибар. Таа излегува надвор и тогаш се потсетува дека треба да ја посети болната сосетка. Кога влегува во нејзината куќа, Жана ја наоѓа сосетката мртва, а нејзини две дечиња спијат во длабок сон. Таа се сожалува на децата и ги зема со себе, но потоа кај неа се појавува страв од тоа дали нејзиниот маж ќе ги прифати децата. Доцна во ноќта, мажот конечно се враќа дома по неуспешниот риболов, а Жана му ја соопштува веста за смртта на сосетката. Тој предлага да ги земат нејзините деца кај себе и тогаш Жана му кажува дека веќе го направила тоа.Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 369-372.
Наводи
Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Руски раскази