Света Троица — главна манастирска црква на Бајловскиот манастир во кумановското село Бајловце, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во насока на маалото Бузовци на селото Бајловце, до која води земјен пат од главното маало Селиште.
Историја
За црквата нема податоци кога е подигната, но во нејзе се наоѓа натписна плоча за самовилската вода и светиот камен, како и тоа дека иницијатор за изградбата бил извесен Владо.
Архитектура Икони и иконостас
Во внатрешноста на црквата се наоѓаат бројни икони закачени на самите ѕидови. Нема иконостас во црквата.
Галерија
Поврзано Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Карпинско-жегљанска парохија Бајловце
Надворешни врски
Бајловце Категорија:Бајловски манастир