Aria graeca е вид растение од семејството рози.
Опис
Грмушка или мало дрво, 5-10 м високо. Кората на стеблото мазна, сиво-кафеава. Младите гранчиња густо бело-волнести, а покасно оголуваат, кората црвеникаво-кафеава. Пупките широко-јајцевидни, кафеави, на врвот влакнести, а и самите лушпи по работ влакнести. Листовите кожести, обратно-јајцевидни, елиптични до скоро круглести, 5-9 цм долги, 4-7 цм широки, со 7-9 пара жили. Не се насечени на лобуси, најшироки во горната половина, на врвот тапи или кусо заострени, во основата широко-клиновидни и обично целокрајни, по работ двојно напилени. На горната страна голи, темнозелени, светликави, со жлезди по жилите, а на долната страна бело-волнести. Лисните дршки 8-15 мм долги, олучести, густо бело-волнести. Прилисниците линејни, 4-5 мм долги, густо влакнести. Цветовите 10-15 мм во пречник, групирани во штитовидно-метличести соцветија. Чашкините ливчиња ланцетни, од обете страни и заедно со хипантиумот бело-волнести. Венечните ливчиња бели, круглесто-обратно-јајцевидни, со влакна во основата. Прашниците околу 20. Столпчињата 2-3, во основата или до половина срас- нати помеѓу себе и во долниот дел влакнести. Плодот топчест, до 12 мм во пречник, гримизно црвен.
Распространетост и живеалиште Дрвото е по потекло од централна и југоисточна Европа, Кавказ, Источен Медитеран и делови од Северна Африка.
Ова растение на територијата на Македонија е широко распространето по варовничките масиви.
Наводи
Категорија:Флора на Турција Категорија:Флора на Полска Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија