Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во кавадаречкото село Бегниште.
Таа се наоѓа во самото село, сместена под Тренчевското Маало.
Историја
Подигната и живописана е во 1881 година, од браќата Вангел, Никола и Коста Анастасови од Крушево. Ова го потврдува натписот кој се наоѓа над северниот влез од внатрешната страна на црквата. Друг натпис во црквата се наоѓа над западниот влез одвнатре во црквата кој гласи:
Архитектура
Црквата има големи димензии и по својата архитектурна форма таа е трокорабна со два реда колони.
Фрескоживопис
Целата црква е живописана.
Во првата зона на јужниот ѕид е прикажано Второто пришествие (Страшниот суд), а над него е Жртва Аврамова, Рождество на Св. Јован Крстител и Гозбата на царот Ирод. На северниот ѕид во првата зона се стоечки фигури, а во втората Каменувањето на архиѓакон Стефан, Христос и Самаријанката на бунарот и Христос им се јавува на апостолите на море. Во олтарниот простор се светите архијереи, а над нив Богородица Ширшаја. На јужната страна е насликана композицијата Причестување на апостолите, а на спротивната Воведение Богородично.
На иконостасот има царски двери изработени од непознат копаничар.
Галерија
Поврзано Бегниште Повардарска епархија Кавадаречко архијерејско намесништво Маренска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бегниште Бегниште Категорија:Дела на Дебарската школа