Paronychia albanica — вид растение од родот Paronychia, и семејството каранфили.

Опис Ова е многугодишно мало тревесто растение со полегнати гранчиња, кои се долги 3,5-10 см, расперени встрана, со густи листови и со влакнести или речиси голи стебленца. Цветовите и брактеите се групирани во сребренесто ципести топчести соцветија со пречник 13-20 мм. Брактеите се јајцевидни, а цветовите се долги 3,5-4,5 мм, тесно елиптични, обично со прилегнати влакна. Чашкините ливчиња еднакви меѓу себе, а венечните ливчиња се светлокафеави и многу покуси од прашниците.Кирил Мицевски:Флора на Република Македонија, Том 1, св. 2, МАНУ, Скопје, 1993, стр. 287

Подвидови

Прифатени се следните подвидови:

P. a. albanica - расте само на Шар Планина. P. a. graeca - расте само во Нов Дојран.

Во Македонија Во Македонија расте по варовнички камењари и карпи до 2500 метри надморска височина. Наводи

Категорија:Каранфили Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа