Бабунска темјанушка () — вид темјанушка што го опишал М. Ербен во 1985 година. Бабунската темјанушка му пирпаѓа на родот темјанушка и семејството темјанушки. Во Каталогот на живиот свет не се наведени подвидови.
Потекло на името Научното латинско име Viola babunensis, како и македонското народно име „бабунска темјанушка“, растението го добило токму по планината Бабуна. Во ботаниката е вообичаена пракса кога ќе се открие нов растителен вид (особено ендемичен, каков што е овој), тој да го добие своето специфично име (епитет) според географското место каде што првпат е пронајден и опишан (т.н. locus classicus). Бидејќи овој вид првично е регистриран и најзастапен на подрачјето на планинскиот масив Бабуна, научниците го именувале babunensis.
Опис Бабунската темјанушка е едногодишно или повеќегодишно тревесто растение што се одликува со џуџест розетковиден хабитус и гранчиња високи од 1,5 до 6 сантиметри, како и со специфична шпора долга 8 до 12 милиметри која е лесно задебелена на врвот. Листовите се со густи четинести влакна, а цветовите се средно големи и без мирис.
Живеалиште Бабунската темјанушка е македонски ендемит и расте по каменити места, пукнатини на карпи, на гранит и гнајс, на надморска височина од 700 до 1.300 метри.
Распространетост Видот е утврден на неколку места во Македонија. а во месноста Маркови Кули е присутен во близината на манастирот Трескавец и грамадата Маркови Кули. Во национални рамки. бабунската темјанушка е заштитен вид.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Темјанушка Категорија:Ендемска флора на Македонија Категорија:Таксони опишани во 1985 година