Agrostema или какол е род на едногодишни растенија во семејството каранфили. Нејзин најпознат член е видот Agrostemma githago, кој е по потекло од Европа. Видот е плевел за житарки и други култури, веројатно со центар на потекло во источниот Медитеран.
Опис Ова се едногодишни растенија. Чашкините ливчиња им се сраснати, чашката е цилиндрична, во горниот дел малку стеснета, со 10 ребра, со силно издолжени линејни запци. Венечните ливчиња се покуси од чашката, целокрајни и без грлени лушпи. Прашниците се 10, столпчињата се 5, а плодната кутијка се отвора со 5 запци. Карпофор нема.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 301
Избрани видови
Agrostemma brachyloba Hammer Agrostemma githago L.
(Agrostemma gracile е синоним за Agrostemma brachyloba)
Наводи
Категорија:Каранфили Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија