Чуден плускавец (науч. Silene paradoxa) е вид цветно растение од семејството каранфили, по потекло од југоисточна Франција, Корзика, Италија, земјите на поранешна Југославија, Албанија и Грција. Може да расте на серпентински почви и јаловина од рудници за бакар.

Опис Повеќегодишно тревесто растение високо до 80 см, со многубројни стерилни гранчиња, чии листови се собрани во снопчиња, а од основата на растението вертикално се издигаат цветните стебленца. Цветните стебленца во основата се густо влакнести, со куси и свртени надолу влакна, во горниот дел голи и лепливи. Базалните листови се ланцетни. Цветовите се собрани во ретко метличество соцветие со наспрамни и многу долги цветни гранчиња. Чашката е долга 20-30 мм, цилиндрична со 10 зелени или црвени жили. Горната страна на венечните ливчиња е бела, долната е жолтеникава.

Во Македонија Во Македонија расте по каменливи места, по меѓи, покрај грмушки од 200 до 1000 метри надморска височина. Видот е познат за Скопска Црна Гора, Кораб, Јабланица, Галичица, Кичево, Бигла, Тетово, клисурата на Радика, Дебар, Демир Хисар, Демир Капија и Пехчево.

Наводи

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Грција Категорија:Флора на Албанија Категорија:Флора на Италија Категорија:Флора на Франција Категорија:Плускавец (растение) Категорија:Флора на Македонија