Критски плускавец (науч.Silene cretica) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.

Опис Едногодишно растение, на кое стеблото е вертикално, високо 15-50 см, поединечно, неразгрането или разгрането во самата основа, со куси густи лушпести влакненца, а останатиот дел е гол. Базалните листови за време на цветањето се сушта. Цветовите се поединечни или во редок дихазиум. Цветните дршки се 2-5 пати подолги од чашката, која е ципеста, гола, белузлава, на врвот црвеникава. Венечните ливчиња се целокрајни или всечени, црвени или розови, со 2 шиловидни грлени лушпи во основата на ламината.

Во Македонија Во Македонија расте по брдски пасишта во потоплите делови, на силикатна подлога, на надморска височина до 1000 метри. Видот е познат за Гевгелија и околината, Богданци, Валандово, Велес, Прилеп, Битола и Мариово.

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)