Camphorosma е род на цветни растенија од семејството Amaranthaceae, кој се среќава во северна Африка, јужна и источна Европа, Крим, Русија, Анадолија, Кавказ, Иран, Авганистан, Пакистан, Централна Азија, Алтај, западен Сибир, Синџијанг во Кина и Монголија. Tие можат да се разликуваат од тесно поврзаните таксони како што е Bassia по нивните сплескани перианти кои имаат четири лобуси, соцветија со повеќеклеточни жлездести влакна, посебен тип на анатомија на листот (наречен тип Camphorosma) и број на хромозоми од 2n = 12.

Опис Едногодишни или многугодишни тревести растенија или мали грмушки кои обично се влакнести. Листовите последователни, линејни или игличести, плоскати или цилиндрични. Цветовите хермафродитни, а некои се еднополни женски, поединечни или групирани во густи јајцевидно-класовидни соцветија. Перијантот странично сплеснат и влакнест. Перијантните ливчиња 4, делумно сраснати помеѓу себе, на врвот со 4 слободни дела, од кои двата наспрамни се помали, а другите два поголеми, со заокруглена грбна страна, а на врвот на ливчињата средната жила грбесто подуена. Прашниците 4. Плодникот со 2 жига. Семките вертикални.

Видови Прифатените видови вклучуваат:

Camphorosma annua Pall. Camphorosma monspeliaca L. Camphorosma persepolitana Gand. Camphorosma polygama Bunge ex Boiss. Camphorosma songorica Bunge

Наводи

Категорија:Штирови Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Флора на Македонија