Господарот на прстените: Војната на РохиримитеВо некои преводи: Господарот на прстените: Војната на Рохирим. () — анимиран фантастичен филм од 2024 г., во режија на Кенџи Камијама, по сценарио на Џефри Адис и Вил Матјус, како и Фиби Гитинс и Арти Папагеоргиу, заснован на ликовите создадени од Џ. Р. Р. Толкин. Дејството е сместено околу 200 години пред кинотрилогиите на Питер Џексон — Господарот на прстените (2001 — 2003) и Хобит (2012 — 2014), а ја раскажува приказната за легендарниот крал на Рохан, Хелм Хамерхенд. Кога соседните Данлендинзи ќе побараат рака за брак со неговата ќерка Хера, Хелм неочекувано го убива нивниот водач и започнува војна. Главните улоги ги толкуваат Брајан Кокс како Хелм и Гаја Вајс како Хера, заедно со Лук Пасквалино, Лоренс Убонг Вилијамс, Лорејн Ешборн и Миранда Ото.

Содржина Дејството се одвива 183 години пред настаните прикажани во изворната кинотрилогија, раскажувајќи ја судбината на домот на Хелм Хамерхенд, легендарниот крал на Рохан. Неочекуваниот напад од Вулф, итриот и безмилосен рохански господар со сомнително потекло и со многу врски со Данленд, кој бара одмазда за смртта на својот татко, ги принудува Хелм и неговиот народ да пружат храбар последен отпор во древното упориште Хорнбург — моќна тврдина што подоцна ќе стане позната како Хелмова Бездна. Наоѓајќи се во сѐ понапната и безизлезна ситуација, Хера, ќерката на Хелм, мора да ја најде волјата да го предводи отпорот против смртоносниот непријател решен да ги уништи докрај.

Гласовни улоги

| Брајан Кокс || Хелм Хамерхенд |- | Гаја Вајс || Хера |- | Лук Пасквалино || Вулф |- | Миранда Ото || Еовин |- | Лорејн Ешборн || Олвин |- | Јаздан Кафури || Хама |- | Бенџамин Вејнрајт || Халет |- | Лоренс Убонг Вилијамс || Фреалаф Хилдесон |- | Шон Дули || Фрека |- | Мајкл Вајлдман || генерал Тарг

Наводи

Надворешни врски Матична страница

Категорија:Американски филмови Категорија:Јапонски филмови Категорија:Филмови од 2024 година Категорија:Новозеландски филмови Категорија:Филмови на Warner Bros. Animation Категорија:Анимирани филмови на Варнер Брос Категорија:Американски фантастични филмови Категорија:Аниме-филмови Категорија:Американски цртани филмови Категорија:Филмови на New Line Cinema