Жак Камбесед (26 август 1799 – 19 октомври 1863) бил француски ботаничар роден во Монпелје.
Во период од март – јуни 1825 година, поттикнат од предлозите на Жак Етјен Ге и Александар фон Хумболт, Камбесед извршил истражувања поврзани со флората на Балеарските Острови. Од оваа експедиција ги објавил неформалните Excursions dans les îles Baléares (1826) и првиот флористички инвентар на Балеарците, Enumeratio plantarum quas in insulis Balearibus collegit (1827).
Во 1851 година, Жак се оженил со ботаничката илустраторка Мари Еулали Леду, вдовица на Алир Рафно Делил, позната како г-ѓа Еулали Делил.
Неколку ботанички видови се именувани по него, меѓу кои и Paeonia cambessedesii, божур кој потекнува од Мајорка.
Наводи
Категорија:Починати во 1863 година Категорија:Родени во 1799 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Француски ботаничари