Жак Филип Мартен Селс (15 јуни 1740 - 15 мај 1806) — француски ботаничар специјализиран за хортикултура.
Селс бил роден во Версај. Работел како собирач на давачки на портите на Париз. Откако Француската револуција ја укинала неговата функција, останал без средства за егзистенција и започнал да одгледува странски растенија во ботаничка градина, кои ги продавал, придонесувајќи кон растечката јавна заинтересираност за егзотични цвеќиња. Тој ги приспособил на локалните услови бројните северноамерикански растенија што ги донеле Андре Мишо и Луј-Огустин Боск д’Антик. Тој се залагал за воведување на голем број егзотични растителни видови во Франција. Во 1795 година бил избран за член на одделот за селско стопанство во Француската академија на науките, а бил и член на Академијата за земјоделство. Тој објавувал прирачници и други наставни материјали од различни области на својата наука. Растителните видови од неговата градина биле опишани од ботаничарот Етјен Пјер Вантена (1757-1808) и илустрирани од Пјер-Жозеф Редуте (1759-1840), објавени во Париз во 1799 година. Второто илустрирано дело со илустрации на „ученикот на Редуте“, Панкрас Беса, било објавено во 1803 година. Делото е достапно во дигиталната верзија на Botanicus.botanicus.org
Целс починал во Монруж во 1806 година.
Наводи
Категорија:Членови на Француската академија на науките Категорија:Луѓе од Версај Категорија:Починати во 1806 година Категорија:Родени во 1740 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Француски ботаничари