Дејвид Артур Броди (28 јули 1867 - 29 декември 1951) ― американски земјоделец и тренер по американски фудбал на универзитетско ниво. Една сезона, во 1896 година, бил главен тренер на фудбалскиот тим на Вашингтонскиот земјоделски колеџ и школата за наука — денес познат како Државниот универзитет во Вашингтон — каде остварил учинок од 2 победи, 0 порази и 1 нерешен натпревар.
Броди е роден во Питерборо, Онтарио, а во 1883 година со своето семејство се преселил на фарма во близина на Силвертон, Орегон. Во 1894 година дипломирал на Орегонската државна школа — денес познато како Универзитет на Западен Орегон. Во 1898 година дипломирал на Вашингтонскиот земјоделски колеџ, по што станал доцент на истиот колеџ. Подоцна, Броди работел во Министерството за земјоделство на Соединетите Американски Држави. Околу 1939 година се преселил од Вашингтон во Ејвон Парк, Флорида, каде што починал на 29 декември 1951 година.
Наводи
Категорија:Починати во 1951 година Категорија:Родени во 1867 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Американски ботаничари