ФК Колорадо Рапидс — американски фудбалски клуб со седиште во Комерс Сити, Колорадо. Моментално се натпреварува во МЛС лигата, како член на Западната конференција.

Клубот е основан во 1995 година и еден од основачките членови на МЛС лигата, натпреварувајќи се во нејзината инаугуративна сезона во 1996. Најголемиот успех на клубот е освојувањето на МЛС купот во 2010 година, во нивното второ учество во МЛС купот после поразот во 1997 од . Тие исто така биле финалисти и на Купот на САД во 1999 година, губејќи од Рочестер Рејџинг Ринос, последниот не-МЛС тим кој го освоил турнирот.

Во моментов Рапидс се во сопственост на Стан Кронке и неговата фондација, како и другите спортски клубови од Колорадо, вклучувајќи ги Денвер Нагетс, Колорадо Аваланч и Колорадо Мамот.

Од 2007 година, боите на клубот се бордо и сина. Истата година, клубот се преселил на Дикс Спортинг Гудс Парк, на кој ги игра својте домашни натпревари и денес.

Надворешни врски Матична страна

Категорија:ФК Колорадо Рапидс Колорадо Рапидс Колорадо Рапидс Категорија:Колорадо