Хенри Вилијам Бристоу (17 мај 1817 - 14 јуни 1889) бил англиски геолог и природонаучник.
Живот Роден бил во Лондон на 17 мај 1817 година. Тој бил син на генерал-мајор Хенри Бристоу, член на семејство од Вилтшир и негова сопруга Елизабет Ачорн од Хај Викомб. Откако одлично ги завршил студиите на Кингс колеџот во Лондон, тој се приклучил на персоналот на Геолошки завод во 1842 година и бил поставен да работи во Радноршир. Од овој округ набргу потоа бил префрлен во округ Котсволд, кој го испитал до Бат а потоа испитал голем дел од Дорсет, Вилтшир и Хемпшир, со остров Вајт, покрај дел од облас Вилден, Беркшир и Есекс, искачувајќи се конечно во 1872 година на позиција директор за Англија и Велс. Неговата теренска работа била восхитувачка по квалитет, бидејќи не бил помалку трпелив отколку прецизен во разоткривање на комплицирана област - еден од оние луѓе, накратко, кои ги поставуваат темелите врз кои неговите наследници можат да градат и чии услуги за британска геологија биле потрајни отколку впечатливи.
Се пензионирал од истражување во јули 1888 година и починал на 14 јуни 1889 година
Тој бил избран за член на Географското друштво во 1843 година и за член на Кралското друштво во 1862 година. Бил почесен член на разни друштва и го добил Орденот на СС. Морис и Лазарус.
Дела Негови одделни трудови биле малкубројни - околу осум - а во подоцнежните години страдал од глувост, што го спречувало да учествува во работа на друштва. Но, неговиот белег бил оставен на неколку карти и други публикации на Геолошки завод, поточно во мемоари за делови од Беркшир и Хемпшир (заедничко производство) и во онаа восхитувачка, Геологија на остров Вајт, од кои речиси сите биле напишани од неговото перо. Тој исто така придонел за разни публикации, официјални и други и ги напишал или уредувал следни книги: 1. Речник на минералогија, 1861 година. 2. Подземен живот (превод, со дополнувања на „La Vie Suterraine“, од Л. Симонен), 1869. 3.Светот пред потоп (превод, со дополнувања, на дело од Л. Фигиер), 1872 година.
Семејство На 22 октомври 1863 година се оженил со Елиза Харисон, втора ќерка на Дејвид Харисон, лондонски адвокат и им се родиле четири деца, два сина и исто толку ќерки; тие и вдовицата го надживеале.
Почести и награди Бристоу бил избран за член на Кралското друштво во 1862 година. Еден пат во Чејлсмор, Ковентри, Велика Британија бил именуван по него.
Наводи
Категорија:Починати во 1889 година Категорија:Родени во 1817 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Англиски ботаничари