Џон Патрик Иган (роден на 20 октомври 1992 година, во Корк) — ирски фудбалер, на и на ирската репрезентација.
Биографија Роден во Корк, Иган потекнува од спортско семејество. Неговиот татко, Џон, бил професионален играч во ирски фудбал. а неговата мајка, Мери, била фудбалерка и има освоено медал во Лигата на Ирска. Тој играл хурлинг и ирски фудбал, пред да ја започне својата фудбалска кариера во екипата на Гринвуд во Тогер.
Клупска кариера Почетоци, Сандерленд и позајмици Иган ја започнал својата кариера на осумгодишна возраст во екипата на Гринвуд од Корк, каде бил девет години, пред да премине во Сандерленд во 2009 година.
Во Сандерленд, Иган никогаш не добил шанса во првиот тим и постојано бил позајмуван. Во јануари 2012 година, тој бил позајмен на Кристал Палас, со кој го имал своето деби во професионалниот фудбал, во натпреварот од третото коло на ФА купот, играјќи ги сите 90 минути во поразот со 1-0 од Дарби Каунти. Во март 2012 година, Иган му се приклучи на Шефилд Јунајтед на едномесечна позајмица за да помогне во надминувањето на дефанзивната криза, при што истата вечер дебитирал за „Сечилата“ во поразот од Волсол.
Во јули 2012 година, менаџерот Мартин О'Нил го повикал Иган во составот на Сандерленд за предсезонската турнеја во Јужна Кореја, каде што тимот учествувал на турнирот Пис куп. Тој влегол во игра како замена за повредениот Вес Браун во натпреварот за третото место против холандскиот клуб Гронинген, одигрувајќи 50 минути во победата од 3–2. По солидната предсезона, тој добил пофалби од О'Нил и му бил доделен дресот со број 42 за сезоната. На почетокот на ноември 2012 година, откако бил во близина на првиот тим, Иган потпишал тримесечен договор за позајмица со Брадфорд Сити за да добие натпреварувачко искуство. Дебитирал за Брадфорд на 6 ноември во натпреварот што завршил 0–0 на домашен терен против Честерфилд. Неговата позајмица била прекината две недели подоцна, откако заработил скршеница на ногата, при што се вратил во Сандерленд после четири натпревари за „Бантамс“. Оваа повреда го отстранила од терените една година, но за време на рехабилитацијата, Иган се согласил на едногодишно продолжување на договорот со Сандерленд во март 2013 година.
На 27 февруари 2014 година, Иган му се приклучи на клубот од Лига Два, Саутенд Јунајтед на итна позајмица. На 11 март 2014 година, го постигнал неговиот прв гол во кариерата, во ремито 2–2 против Сканторп Јунајтед, кога со „спектакуларен удар од голема далечина“ го лобувал противничкиот голман. Подоцна, тој ја освоил наградата „Гол на сезоната“ на Саутенд, а ударот станал сензација на „YouTube“, со повеќе од 35.000 прегледи. На 28 март 2014 година, Иган ја продолжил својата позајмица до крајот на сезоната, завршувајќи ја со 15 настапи и еден гол во дресот на Саутенд.
Џилингем На 3 јули 2014 година, по интересот од неколку клуба од Лига Еден и Чемпионшип, Иган потпишал двегодишен договор со Џилингем откако му истекол договорот со Сандерленд. Иган имал фантастична дебитантска сезона со Џилингем, при што одиграл 52 натпревари и постигнал 5 гола. Тој, исто така, ги освоил главните награди за „Играч на годината“ и „Играч на годината на гостински терен“ на клубот, заокружувајќи ја успешната сезона во која тимот го освоил 12-тото место во Лига Еден. Следната сезона, тој продолжил со добрите игри и бил избран во ПФА Тимот на годината во Лига Еден 2015-2016.
Брентфорд Иган ја одбил понудата за нов договор од страна на Џилингам на крајот од сезоната 2015–2016 и потпишал за клубот од една дивизија повисоко рангираниот Чемпионшип, Брентфорд. Тој ги постигнал своите први голови за Брентфорд на 16 август 2016 година, тресејќи ја два пати мрежата на во победата со 2–0. Во декември 2016 година, Комитетот за компензација во професионалниот фудбал одлучил дека Брентфорд треба да му плати на Џилингем почетен нето-надомест од 400.000 фунти, дополнителни 25.000 фунти за секои 20 натпревари што ќе ги одигра за Брентфорд, до максимум 80 натпревари, како и 20% од следниот трансфер и надомест од 75.000 фунти во случај Брентфорд да избори промоција во Премиер лигата во периодот на тригодишниот договор на играчот.
По продажбата на капитенот Харли Дин во Бирмингем Сити, во август 2017 година, Иган бил назначен за нов капитен на Брентфорд. Во текот на сезоната 2017–2018, Иган импресионирал, додека Брентфорд забележал 15 натпревари без примен гол и завршил на 9-тото место во Чемпионшип.-
Шефилд Јунајтед На 19 јули 2018 година, Иган повторно му се приклучил на Шефилд Јунајтед, за кој настапувал кратко на почетокот на својата кариера како позајмен играч од Сандерленд, потпишувајќи четиригодишен договор за необјавена клупска рекордна сума. На 18 август, во својот петти натпревар за новиот клуб, го постигнал својот прв гол во дресот на Шефилд Јунајтед во победата со 2-1 над . Во својата прва сезона со тимот, тој му помогнал на Шефилд Јунајтед да обезбеди промоција во Премиер лигата, придонесувајќи со 44 настапи и еден гол. Како еден од најчесто користените играчи во претходната сезона од менаџерот Крис Вајлдер, Иган останал важна алка во тимот на Шефилд Јунајтед и во следната сезона. На 10 август 2019 година, го направил своето деби во Премиер лигата, играјќи го целиот натпревар на гости против завршен со резултат 1-1. На 5 јули 2020 година, го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во ремито 1-1 на гостувањето кај . Само три дена подоцна, во следниот натпревар на клубот, Иган повторно бил стрелец постигнувајќи погодок во третата минута од судиското продолжение во драматичната победа со 1-0 на домашен терен над . Сезоната 2019-2020 ја завршил со 36 настапи и 2 гола во Премиер лигата, помагајќи им на „Сечилата“ кои биле изненадувањето на првенството да завршат на одличното 9-то место.
На 21 август 2020 година, Иган потпишал нов четиригодишен договор со клубот во трајност до јуни 2024. Следниот месец, по одлука на менаџерот Крис Вајлдер, тој бил назначен за капитен на Шефилд Јунајтед. На 2 јануари 2021 година, Иган го одиграл својот 100-ти натпревар за Шефилд Јунајтед, во поразот од 2–0 на гостувањето кај Кристал Палас. Во сезоната 2020-2021, Иган одиграл 31 натпревар за Шефилд Јунајтед, кој испаднал од Премиер лигата завршувајќи на последното 20 место.
Откако одиграл уште две сезони како капитен и стартер во Чемпионпшип, помагајќи му на клубот да избори нова промоција во Премиер лигата во сезоната 2022-2023, Иган бил стартер во првите неколку натпревари на Шефилф Јунајтед во сезоната 2023-2024. Сепак, во натпреварот на гостувањето против на 30 септември 2023 година, тој се здобил со тешка повреда поради која морал да го пропушти остатокот од сезоната.
По завршувањето на сезоната 2023-2024, Иган го напуштил клубот по истекот на договорот.
Барнли и Хал Сити Во септември 2024 година, Иган како слободен играч потпишал едногодишен договор со Барнли. Сепак неговиот тамошен престој траел кратко, бидејќи не успеал да се наметне играјќи само 7 натпревари во Чемпионшпип (претежно како замена) и еден во ФА купот до јануари 2025 година, кога поради малата минутажа одлучил да го напушти клубот.
На 3 февруари 2025 година, Иган потпишал осумнаесетмесечен договор со друга екипа од Чемпионшип, . Дебитирал за Хал Сити на 12 февруари токму против Барнли, 0клубот од кој што дошол, во натпревар завршен со пораз на „Тигрите“ од 2–0. На 13 септември, тој го постигнал својот прв гол за клубот израмнувајќи на 2-2 длабоко во судиското надополнување од натпреварот на гости против Свонзи Сити.
Репрезентативна кариера Иган играл за ирските младинските репрезентации под 17, под 19 и под 21 година.
На 28 март 2017 година, го направил своето деби за сениорската репрезентација на Ирска во поразот со 0-1 од во пријателски натпревар одигран на стадионот Авива во Даблин.
Во септември 2019 година и покрај тоа што го играл само петтиот натпревар за Ирска, тој за првапат ја носел капитенската лента на репрезентацијата, во победата со 3–1 против повторно во пријателски натпревар. На 1 септември 2021 година, тој го постигнал својот прв гол во националниот дрес во поразот со 2–1 од .
Хронологија на репрезентативните настапи
Наводи
Надворешни врски
Џон Иган на soccerway Џон Иган на transfermarkt Џон Иган на espn Џон Иган на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Ирски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери на ФК Кристал Палас Категорија:Фудбалери на ФК Шефилд Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Брентфорд Категорија:Фудбалери на ФК Барнли Категорија:Фудбалери на ФК Хал Сити