Зборови до злиот дух (тахитски: Parau na te varua ino) — слика масло на платно од Пол Гоген од 1892 година, насликана за време на првиот престој на уметникот на Тахити. Сега е во Националната уметничка галерија.

Сликата е поделена на половина со истиот корен од дрво како што се појавува во неговата „Покрај морето“, со зелени и црни нијанси во горната половина и розови нијанси во долната половина. Во преден план е млада гола Тахитска жена, која ги крие гениталиите со левата рака, а десната града со десната, додека гледа кон клекнат маскиран маж зад неа.

Значењето на насловот е нејасно - „varua ino“ значи ѓавол или зол дух, веројатно се однесува на машката фигура што ги повикува духовите на мртвите (како што се гледа и во „Духот на мртвите бдее “), а „parau“ значи зборови, па може да се преведе како „Зборови на ѓаволот“. Делото го покажува интересот на сликарот за традиционалните тахитски верувања, иако голотијата и позата на жената сугерираат средновековни претстави на Ева во Едемската градина или поиздолжена верзија на Венера Медичи, поврзувајќи го делото со Првородниот грев, губењето на невиноста и нарушувањето на западните поими за убавина од страна на Гоген.

Поврзано

Список на слики од Пол Гоген

Наводи

Категорија:Уметнички слики од 1892 година Категорија:Слики од Пол Гоген