Мртва природа со егзотични птици — слика масло на платно од Пол Гоген, насликана во Атуона на Хива-Оа на Маркиските Острови, во 1902 година. Се чува во Пушкинскиот музеј, во Москва. Потпишано е „Пол Гоген 1902“ во долниот лев агол, а со натпис „Oiseaux morts“ (мртви птици) на задната страна од рамката. M. A. Bessonova, E. B. Georgievskaya, Франция второй половины XIX — XX века. Собрание живописи / Государственный музей изобразительных искусств имени А. С. Пушкин — М.: Красная площадь, 2001. — 399 pages — , page 85

Марина Александровна Бесонова тврди дека чаршафот покрива патнички сандак, а не маса, но ногарката на масата е јасно видлива од десно. Прикажаниот теракотен идол е направен од самиот Гоген - некои историчари на уметност веруваат дека тоа е полинезиската божица на месечината Хина (често пронајдена во други дела на Гоген создадени на Тахити M. A. Bessonova, E. B. Georgievskaya, Франция второй половины XIX — XX века. Собрание живописи / Государственный музей изобразительных искусств имени А. С. Пушкин — М.: Красная площадь, 2001. — 399 pages — , page 86), но Бенгт Даниелсон тврдела дека тоа е „вид Буда“, а не тахитски или полинезиски. Bengt Danielsson, Гоген в Полинезии / пер. с швед. Л. Жданова. — М.: Искусство, 1973. — 280 pages - insert between pages 200 and 201

Веднаш по создавањето на делото, Гоген му го испратил на неговиот пријател Жорж-Даниел де Монфреј во Франција, кој му го продал на Гистав Фаје од Париз. Во колекцијата на Фајет била позната како „Мртви птици“, но подоцна било променето во понеутрално „Егзотични птици“ (Папагали) во посмртната ретроспектива на делата на Гоген на Есенскиот салон во Париз во 1906 година. M. A. Bessonova, E. B. Georgievskaya, Франция второй половины XIX — XX века. Собрание живописи / Государственный музей изобразительных искусств имени А. С. Пушкин — М.: Красная площадь, 2001. — 399 pages — , page 86 Во 1910 година, Фајет ја продал сликата преку Галерија Друет на московскиот индустријалец Иван Морозов за 27.000 франци. Неговата колекција била запленета од државата по Октомвриската револуција, и била сместена во Државниот музеј на модерна западна уметност од 1923 до 1948 година, а потоа во нејзиниот сегашен дом Пушкинскиот музеј.

Наводи

Категорија:Слики од Пол Гоген Категорија:Уметнички слики од 1902 година