„Автопортрет со ореол и змија“, познат и како „Автопортрет“ — слика на францускиот уметник Пол Гоген, изработена во техниката масло на дрво во 1889 година. Ова дело го претставува неговиот доцен бретонски период во рибарското село Ле Пулди во Северозападна Франција. Бидејќи веќе не се чувствувал пријатно во Понт-Авен, Гоген се преселил во Ле Пулди со својот пријател и ученик Мајер де Хан и мала група уметници. Таму останал неколку месеци во есента 1889 година и летото 1890 година, каде што групата го поминала времето украсувајќи ја внатрешноста на гостилницата на Мари Анри со секаков вид уметнички дела. Гоген го насликал својот Автопортрет со ореол и змија во трпезаријата заедно со придружното дело, Портрет на Јакоб Мајер де Хан (1889).

Сликата го прикажува Гоген на црвена заднина со ореол над главата и јаболка што висат покрај него, додека во раката држи змија, а во преден план се појавуваат растенија или цвеќиња. Религиозниот симболизам и стилското влијание на јапонските графики со дрвени блокови и клоизонизмот се очигледни. Портретот е завршен неколку години пред Гоген да го посети Тахити и е еден од повеќе од 40-те автопортрети што ги насликал во текот на својот живот. Делото стигнало на уметничкиот пазар во 1919 година, кога Мари Анри го продала во галеријата „Барбазанж“ во Париз како дел од нејзината збирка уметнички дела од раздобјето во Ле Пулди. Американскиот банкар Честер Дејл ја купил сликата во 1928 година, а по неговата смрт во 1962 година ѝ ја завештал на Националната уметничка галерија во Вашингтон.

Заднина Пол Гоген (1848–1903) бил француски постимпресионистички уметник и значајна фигура во симболистичкото движење, познат по своите придонеси кон синтетистичкиот стил. Во 1886 година, тој го поминал летото во Понт-Авен во Бретања, уметничка колонија која станала позната како Школа Понт-Авен поради влијанието на Гоген и делото што го создале таму. Кон крајот на 1888 година, Гоген сликал девет недели со Винсент ван Гог во неговата Жолта куќа во Арл на југот на Франција, пред Ван Гог да доживее нервен слом, што го навело да си го отсече увото и да биде хоспитализиран. Гоген го напуштил Арл и никогаш повеќе не го видел Ван Гог, но тие продолжиле да разменуваат писма и идеи.Maurer, Naomi E. (1998). The Pursuit of Spiritual Wisdom: The Thought and Art of Vincent Van Gogh and Paul Gauguin. Fairleigh Dickinson University Press. pp. 79–82, 134–136. .Strieter, Terry W. (1999). Nineteenth-century European Art: A Topical Dictionary. Greenwood Publishing Group. pp. 83–84, 225–226. . . лево|мини|„Бивет де ла Плаж“ во 1920 година Тој накратко се вратил во Париз, каде што живеел со сликарот Емил Шифенекер, но во пролетта 1889 година повторно заминал за Понт-Авен, кој тогаш го нашол премногу преполн со луѓе. Гоген заминал оттаму „за да избега од туристите и од париските и странските сликари“Kearns, James (1989). Symbolist Landscapes: The Place of Painting in the Poetry and Criticism of Mallarmé and His Circle. London: Modern Humanities Research Association. p. 9. . . и пристигнал во Ле Пулди на 2 октомври 1889 година. Тој нашол сместување заедно со Мајер де Хан во „Бивет де ла Плаж“, гостилница управувана од Мари Анри. Де Хан преку разговор го запознал Гоген со романот „Сартор Резартус“ (1836) од Томас Карлајл. Иако не го прочитал романот уште неколку години, Гоген се запознал со идеите на Карлајл, кои влијаеле врз неговиот пристап кон уметноста во тој период.Gamboni, Dario (2015). Paul Gauguin: The Mysterious Centre of Thought. Reaktion Books. p. 30. .

Внатрешноста на гостилницата на Мари Анри станала нивно платно, па тие ги насликале своите дела директно на ѕидовите, таваните и прозорците.Welsh, Robert (2001) "Gauguin and the Inn of Marie Henry at Pouldu". In Eric M. Zafran (Ed.) Gauguin's Nirvana: Painters at Le Pouldu 1889–90. pp. 61–80. Yale University Press. . .Pickvance, Ronald (1986). Van Gogh in Saint-Rémy and Auvers. Metropolitan Museum of Art. pp. 56–57. Подоцна им се придружиле и уметниците Пол Серизие и Шарл Филиже. Според Нора М. Хајман, кога собата била завршена, таа „опфаќала слики од сите главни жанрови — предели, автопортрети, портрети, мртва природа, па дури и историско сликарство — изработени во медиуми кои се движат од темпера и масло на гипс, до масло на платно и дрвени панели; како и графики и цртежи; насликани и глазирани керамички садови; егзотични пронајдени предмети; и резбани, полихромирани дрвени фигури“. мини|Портрет на Јакоб Мајер де Хан (1889), придружно дело на Автопортретот Гоген се обидел да ја добие наклонетоста на Мари Анри, гостилничарката, но таа ги отфрлила неговите додворувања и наместо тоа се зближила со Де Хан, што го направило Гоген љубоморен. Гоген заминал на 7 ноември 1890 година, оставајќи ги своите дела во гостилницата на Мари Анри. Таа се пензионирала во 1893 година и се преселила во Керфани, носејќи со себе голем дел од уметничките дела. Гостилницата продолжила да ја издава сè до 1911 година, кога ја продала. Кога новиот сопственик ја редекорирал гостилницата во 1924 година (која дотогаш веќе била претворена во ресторан), преостанатите мурали биле откриени недопрени под тапетите.

Развој Ван Гог претходно веќе украсувал соби со своите слики, особено во неколку ресторани во Париз и во Жолтата куќа во Арл. Се чини дека Гоген и Де Хан биле под влијание на овие негови потфати, бидејќи почнале да ја украсуваат трпезаријата на „Бивет де ла Плаж“ на сличен начин. Автопортретот со ореол и змија на Гоген бил замислен заедно со неговиот пандан, Портрет на Јакоб Мајер де Хан (1889) — поставени десно и лево од каминот, соодветно, на горните табли од двете дрвени врати на шкафовите. Гоген на овие табли им дал суптилна, текстурирана мат-површина, користејќи подлога од бела креда и создавајќи чешлана брановидна шема. И двете дела биле завршени некаде помеѓу средината на ноември и средината на декември 1889 година.Jirat-Wasiutynski, Vojtech; H. Travers Newton Jr. (2000). Technique and Meaning in the Paintings of Paul Gauguin. Cambridge University Press. pp. 172–179. . . Jirat-Wasiutynski, Vojtech; H. Travers Newton Jr. (2000). Technique and Meaning in the Paintings of Paul Gauguin. Cambridge University Press. pp. 172–179. . .

Опис Француската историчарка на уметност Франсоаз Кашен забележува дека Гоген ги создал и „Автопортрет со ореол и змија“ и неговото придружно дело „Портрет на Јакоб Мајер де Хан“ како карикатури.Cachin, Françoise (1988). "Self-portrait with Halo". In Richard Brettell, Françoise Cachin, Claire Frèches-Thory, and Charles F. Stuckey (Ed.), The Art of Paul Gauguin (pp. 56, 165–167). National Gallery of Art. . Во својот Автопортрет со ореол на змија, Гоген се појавува на црвена заднина со ореол над главата и јаболка што висат покрај него, додека во раката држи змија, а во преден план се наоѓаат растенија или цвеќиња.Jirat-Wasiutyński, Vojtěc (Spring 1987). "Paul Gauguin's 'Self-Portrait with Halo and Snake': The Artist as Initiate and Magus." Art Journal, 46 (1): 22–28. Кураторот Филип Конисби го истакнува религиозниот симболизам во сликите, забележувајќи дека „јаболката и змијата упатуваат на Еденската градина, искушението, гревот и падот на човекот“. Гоген го дели платното на половина, сликајќи се себеси истовремено како светец и како грешник, со што го одразува својот личен мит како уметник. Во горниот дел од сликата, со ореолот над главата, Гоген изгледа речиси ангелски, свртувајќи го погледот настрана од јаболката на искушението. Во долниот дел, тој ја држи змијата, со што се заокружува оваа двојност.National Gallery of Art (2013).An Eye for Art: Focusing on Great Artists and Their Work. Chicago Review Press. p. 61. . лево|мини|Автопортрет посветен на Кариер (1888 или 1889) Јират-Васиутински забележува дека историчарот на уметност Денис Сатон бил првиот критичар кој го протолкувал автопортретот на Гоген како „демонски“. Ова толкување е илустрирано преку панданот, односно придружното дело „Портрет на Јакоб Мајер де Хан“ (1889), кое визуелно го надополнува Автопортретот со ореол и змија. Ѓаволските очи на Де Хан и неговата црвена коса во облик на рогови на портретот (кој стоел од левата страна на трпезаријата каде што бил создаден in situ), соодветствуваат со змијата што ја држи Гоген во раката на својот автопортрет на десната врата. На масата во портретот на Де Хан се прикажани две книги: „Изгубениот рај“ (1667–74) од англискиот поет од XVII век Џон Милтон, и „Сартор Резартус“ од Томас Карлајл. Овие книжевни алузии — на Сатаната на Милтон и на Диоген Тојфелсдрек на Карлајл (лик опишан како истовремено ангелски и ѓаволски) — директно се одразуваат на карактерот на портретите на Де Хан и Гоген. Јират-Васиутински тврди дека Гоген се прикажува себеси како маг, односно „и како визионер и како демонски ангел“.

Делото јасно го покажува влијанието на јапонските дрвописи и клоизонизмот. На сликата, Гоген носи облека која историчарот на уметност Анри Дора ја споредува со шафрановата одора на будистички монах, што веројатно е под влијание на претходниот автопортрет на Ван Гог „Посветен на Пол Гоген“ (1888). Во писмото до Гоген од 3 октомври 1888 година, Ван Гог самиот се опишува во тој автопортрет како „лик со сочен израз, едноставен обожавател на вечниот Буда“.Silverman, Deborah (2004). Van Gogh and Gauguin: The Search for Sacred Art. Macmillan. p. 27, 41–42. . Во споредба со неговиот потрадиционален „Автопортрет посветен на Кариер“ (1888 или 1889), овој автопортрет насликан во Ле Пулди е значително „позлокобен“.

Потекло десно|мини| Ван Гог: Автопортрет посветен на Пол Гоген (1888) Во 1919 година, Мари Анри му го продала „Автопортретот со ореол и змија“ на Гоген заедно со низа од 14 други дела на Франсоа Норжеле за вкупно 35.000 франци, по што делото било изложено во галеријата „Барбазанж“ во Париз. Иако подробностите за сопственоста понатаму се оскудни, се смета дека сликата поминала низ рацете на неколку сопственици, вклучувајќи ја и лондонската колекционерка г-ѓа Р. А. Воркман, а подоцна и лордот Ајвор Спенсер-Черчил. Черчил ја продал на галериите „Алекс Рид и Лефевр“ во 1923 година, кои потоа во 1925 година ја препродале на галериите „Краушар“. Американскиот банкар Честер Дејл го купил делото во 1928 година. По неговата смрт во 1962 година, сликата му била завештана на сопственост на Националната уметничка галерија во Вашингтон. Збирката на Честер Дејл била официјално отворена за јавноста во Националната галерија во 1965 година.

Наводи

Надворешни врски Национална галерија на уметности

Категорија:Автопортрети Категорија:Портрети од Пол Гоген Категорија:Уметнички слики од 1889 година Категорија:Слики во Националната уметничка галерија во Вашингтон