Изложбата Волпини — изложба на слики организирана од страна на Пол Гоген и неговиот круг, била одржана во „Кафе де Артс“ на Марсовото Поле, недалеку од официјалниот уметнички павилјон на Универзалната изложба во Париз во 1889 година. Испечатени биле постер и илустриран каталог, но изложбата „Слики од импресионистичката и синтетичката група“, одржана во јуни и почетокот на јули 1889 година, била игнорирана од печатот и се покажала како неуспех.

Позадина Официјалната уметничка изложба во Академија за ликовни уметности, која ја придружувала Универзалната изложба, прикажувале дела само од поканети уметници, а изборот на дела што биле изложени морале да поминат низ проценка на официјални жири-комисии. Ниту Гоген ниту неговите пријатели не можле да се надеваат дека ќе влезат на оваа изложба. Сепак, случајно Емил Шуфенекер пронашол друг начин на кој би можеле да ја претстават својата работа пред јавноста заедно со изложбата. Господинот Волпини, кој го имал договорот за Кафе де Артс спроти изложбата, имал проблем: огледалата што ги нарачал во Италија за да го украсат ентериерот на неговото кафуле немале да стигнат на време за отворањето на изложбата. Шуфенекер тогаш предложил празнината да се пополни со изложба на слики создадени од него и неговите пријатели.

Учество Гоген, преку Шуфенекер, се погрижил неоимпресионистите Жорж Сера, Пол Сињак, Анри-Едмон Крос и Писаро да бидат исклучени од изложбата. Тој предложи да се вклучат:

По 10 слики, од Шуфенекер, Гијомин, Гоген и Бернар По 2 слики од Рој и Фоше 6 слики од ван Гог

Гијомин и Тео ван Гог, кои го застапувале неговиот брат Винсент, одбиле да учествуваат, додека Анкетен, Лавал и Монфрејд се придружиле на групата. Бернард го поделил својот придонес: две од неговите слики биле прикажани под псевдонимот Лудовик Немо.

Избрани дела од каталогот

Категорија:Пол Гоген Категорија:Уметнички изложби