Акт, студија или Сузан зашива — слика од 1880 година, насликана од Пол Гоген во Париз. Моментално е во колекцијата на Новата Карлсбергова глиптотека во Копенхаген. Сликата прикажува млада жена која средува облека во нескриена голотија.

Предмет Сликата прикажува млада, гола жена која средува облека. Сцената се одвива во спална соба, каде што жената седи на ненаместен кревет покрај лилав ѕид украсен со мандолина и таписерија. Телото на моделот е во тричетвртинска перспектива со главата во профил. Тој го прикажува нејзиното тело реалистично, без идеализација. Гледаме поголем стомак со ролни, а рацете ѝ се непропорционално поголеми.

Историја И покрај влијанието што сликата го имала врз импресионистичката изложба, Гоген не можел да ја продаде. Неговата сопруга, Мете, одбила да ја закачи сликата во нивниот дом. Сепак, кога Гоген го напуштил своето семејство во Копенхаген, сликата ја чувала таа сè додека не била продадена во 1892 година на данскиот уметник, Теодор Филипсен.

Во 1920 година, Филипсен го донирал делото на Кралските музеи на ликовни уметности на Белгија, а од 1922 година е во колекцијата на Новата Карлсбергова глиптотека.

Поврзано

Список на слики од Пол Гоген

Наводи

Категорија:Слики од Пол Гоген Категорија:Статии со текст на француски Категорија:Уметнички слики од 1880 година