Овчи киселец (лат: Rumex acetosella) ― вид растение скриеносеменици од фамилијата подворки. Потекнува од Евроазија, вклучувајќи ги и Британските Острови, растението и неговите подвидови се вообичаени повеќегодишни плевели. Има зелени листови во облик на стрела и црвено обоени длабоко набраздени стебла, а никнува од агресивен и распрскувачки ризом. Цветовите излегуваат од високо, исправено стебло. Женските цветови се темноцрвени по боја.
Опис Овчи киселец е повеќегодишна билка која се шири преку ризоми. Има тенко и црвеникаво, исправено стебло кое е разгрането на врвот, достигнувајќи висина од 50 см. Листовите кои се во облик на стрела се мали, околу 2 до 5 см. долги и 5 до 2 см широки, со зашилени лобуси во основата. Цвета во периодот од март до ноември, кога на одделни растенија на врвот на стеблото се развиваат жолтеникаво-зелени (машки) или црвеникави (женски) цветови, кои се развиваат во црвени плодови (ахени). мини|Овчи киселец
Не треба да се меша со слично именуваниот Rumex acerosella, кој исто така содржи оксална киселина и не треба да се јаде прекумерно.
Имиња Rumex acetosella е често познат под народното име овчи киселец или полски киселец, меѓутоа, видовите Oxalis се исто така некако неселективно наречени со ова име.
Распространетост и живеалиште Потекнува од Евроазија и Британските Острови, а е воведен во поголемиот дел од остатокот од Северната хемисфера. Најчесто се наоѓа на кисели, песокливи почви и тревни површини. Често е еден од првите видови што се населува во нарушени области, како што се напуштени рудници, особено ако почвата е кисела.
Растението е дводомно, со одделни машки и женски растенија. Утврдено е дека во раните сукцесивни живеалишта има релативно повеќе женски растенија, додека во подоцнежните сукцесивни фази, машките растенија се почести.
Растението е пронајдено како инвазивен вид во тресетиштата на Sphagnum нарушени од екстракција на тресет во јужна Патагонија.
Во Македонија расте по брдски и планински пасишта и камењари врз силикатна или серпентска подлога, по шумските сечишта и други станишта, од низините, па сè до врвовите на високите планини. Ова е широко распространето растение, познато за сите котлини, клисури, брда и планини.
Екологија Добитокот се храни со растението, но тоа не е многу хранливо и е токсично во големи количини поради оксалатите. Италијанскиот агроном Никола Онорати (1764–1822) прв открил дека растението ги оштетува забите на животните што ги одгледуваат поради оксалната киселина што растението ја содржи.
Птиците кои се хранат на земја ги јадат семките, а поголемите животни како зајаци и елени се хранат со зелените листови.
Пеперутката мал бакарец зависи од ова растение за храна, иако нејзините ларви можат да консумираат некои сродни растенија.
Некои видови габи живеат на Rumex acetosella, вклучувајќи ги патогените видови Mycosphaerella polygonorum, Pleospora herbarum и несовршената габа Rhabdospora pleosporoides.
Растението се смета за тешко контролиран штетен плевел поради неговиот широко распространет ризом. Одгледувачите на боровинки се запознаени со плевелот бидејќи тој напредува во истите услови под кои се одгледуваат боровинките.
Токсичност Растението содржи оксална киселина и деривати, познати како оксалати.
Употреба Листовите може да се јадат сурови или варени, со промена на водата за да се намали нивниот силен вкус. Оксалната киселина што ја содржат им дава малку кисел вкус. Овчката киселица има неколку употреби во подготовката на храна, вклучувајќи гарнир, средство за кисела арома, зелена салата и средство за згрутчување на млекото во производството на сирење. Листовите имаат вкус на лимон, киселкаст вкус.
Наводи
Извори
Надворешни врски
Weed of the Week - United States Department of Agriculture Forest Service Missouri Plants, More pictures
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Дводомни растенија Категорија:Лековити растенија Категорија:Јадливи растенија Категорија:Флора на Европа Категорија:Штавеј (род) Категорија:Флора на Македонија