Rumex kerneri — вид цветно растение од фамилијата подворки. По потекло е од Европа. Исто така, забележано е во Калифорнија како воведен вид и плевел покрај патот. Овој штавеј расте и во Македонија.

Опис Тоа е повеќегодишна билка која произведува тенко, исправено стебло од дебел корен, чија максимална висина достигнува 1,5 метри. Ланценовидните листови можат да бидат долги до 25 сантиметри и да имаат мазни, брановидни или збрчкани рабови. Соцветието е испрекината низа од гроздови цветови, со 15 или 20 во секој грозд, при што секој цвет виси на цветна дршка. Цветот обично има шест околуцветници, од кои внатрешните три се најголеми, долги околу 6 милиметри, обрабени со ситни запци и носта тркалезни брадавичести израстоци во центарот.

Овој вид понекогаш се третира како подвид на коњски штавеј.

Во Македонија Во Македонија расте по ѓубришта, пасишта, покрај потоци, реки и шумски сечишта, и е познат вид само за Струмичко.

Наводи

Надворешни врски

Рачен третман на Џепсон Галерија со фотографии од УЦ

Категорија:Флора на Европа Категорија:Штавеј (род) Категорија:Флора на Македонија