Rumex nepalensis ― растителен вид од родот Rumex, кој се среќава во Европа. Видот е дикот кој припаѓа на семејството подворки, Polygonaceae.
Опис Rumex nepalensis е многугодишно растение, стеблото е вертикално, 60-120 см високо. Базалните листови се издолжено-јајцевидни, по работи брановидни. Соцветието е ретка метличка со странични гранчиња лачно извиткани нагоре.
Во Македонија Во Македонија расте по шумските чистини и сечишта, на надморска височина од 1000 до 2000 метри. Се посочува за неколку места во Македонија, и тоа: Галичица, Јабланица, клисурата на Црна Река, но до денес овие податоци не се потврдени од други автори. Најзначаен се смета податокот на германскиот ботаничар Карл Рехингер, кој во својата монографија за родот Rumex од 1943 година пишува за присуство на овој вид во буковата шума нас селото Галиште во околината на Кавадарци.
Наводи
Категорија:Флора на Европа Категорија:Штавеј (род) Категорија:Флора на Македонија