мини|Вицианки од Полска Вицинанка е името на традиционалната уметност на сечење хартија во Белорусија. Таа настанала како занает 16-тиот век, а денес е широко пропознаена како естетска основа на белорускиот менталитет и култура. Активно се применува во надворешното и внатрешното уредување на приватни домови и јавни простори, како што се канцеларии, ресторани, културни институции и театарски сцени. Исто така, тоа е составен дел од традиционалните фестивали.UNESCO: Vytsinanka - ich.unesco.org, Pristupljeno, 7.12.2024

Вицинанка станува сè покреативна, а нејзините нежни дезени се пренесуваат на ткаенина и се користат како елементи на облеката. Современата вицинанка опфаќа широк спектар што го одсликуваат белорускиот начин на живот: почитување на природата, белоруската историја, митологија, обичаи и верувања, рурален и урбан живот. Во Белорусија, луѓе од сите возрасти – и мажи и жени – се трудат да го совладаат оваа достапна, а сепак грациозна вештина, која ја продолжува древната традиција на сечење хартија.

Нематеријално светско наследство Вицинанка е запишана на репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријалното културно наследство на човештвото како елемент на нематеријалното културно наследство на Белорусија.UNESCO: Nematerijalna kulturna baština u Bjelorusiji - ich.unesco.org, Pristupljeno, 7.12.2024

Одлуката за впишување била донесена од Меѓувладиниот комитет за зачувување на нематеријалното културно наследство на неговата 19-та сесија, одржана од 28 ноември до 3 декември 2024 година во Асунсион, Парагвај.UNESCO: Vytsinanka - ich.unesco.org, Pristupljeno, 7.12.2024

Наводи

Категорија:Украинска уметност Категорија:Уметнички техники Категорија:Белоруска уметност