Море на Брановите () — плитко, неправилно месечево море што се наоѓа веднаш северно од Пенестото Море на блиската страна на Месечината, помеѓу кратерот Фирмикус и источниот крак. Се наоѓа во вдлабнатина помеѓу третиот и четвртиот издигнат прстен образуван од ударот што го создал Морето на Кризите. Селенографските координати на ова море се 7,5° СГШ, 68,7° ИГД. Има максимален пречник од 245 км.
Познати се пет месечеви куполи во морето. Материјалот околу сливот е од нектариската епоха, а морскиот базалт е од доцната имбриска епоха. Кратерот Дубјаго може да се види на јужниот раб на морето. На североисточниот раб на морето се наоѓа кратерот Кондорсет П.
Кога Медлер го набљудувал ова подрачје во 1830-тите, тој забележал варијации во закривените темни ленти што го образуваат ова море, што го навело да шпекулира дека промените се предизвикани од вегетацијата.
Морето на Брановите во книжевноста Морето на Брановите било местото на вториот катапулт во романот на Роберт А. Хајнлајн „Месечината е сурова господарка“ (1966). Точната местоположба на катапултот била чувана во тајност и била „прашање на националната безбедност на Месечината“.
Галерија
Поврзано Список на месечеви мориња
Наводи
Надворешни врски NASA lunar Atlas
Категорија:Месечеви мориња Категорија:Четириаголник LQ13 Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Краток опис различен од Википодатоците Категорија:Статии со краток опис