Каридија () — поранешно село во Кајларско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Еордеја на Кожанскиот Округ, Грција.
Географија Селото се наоѓа во областа Сариѓол, западно од С’лпово и југоисточно од Емборе, околу 1 км јужно над Радуништа, во североисточните падини на Сињак, под врвот Голина (1.137 м), на надморска височина од 880 метри.
Историја Каридија била колибарска населба, подигната во подножјето на Сињак, кој е богат со пасишта и каде отсекогаш постоеле сточарски колиби. За првпат е регистрирана на 19 јануари 1962 г. како дел од тогашната Општина С’лпово. Се споменува во пописот од 1981 година, но без население. Каридија било укинато како посебно населено место на 6 декември 1993 г. и припоено кон с. Радуништа.
Население
Наводи
Категорија:Историски села во Еордеја