Замокот Боламан () — историски замок кој се наоѓа во градот Боламан , во покраината Орду, Турција.
Опис и местоположба Замокот се наоѓа 4 километри источно од Фатса на брегот на Црното Море. Со местоположба на карпата на зашилен полуостров со поглед на морето. Датумот на неговата изградба е непознат. Сепак, се верува дека замокот бил изграден од страна на Кралството Понт како тврдина за да служи како стражарска кула.
Замокот се состои од внатрешни и надворешни ѕидови изградени е од сечен и клепан камен со посебна форма. На надворешните ѕидови околу дворот има стражарски кули. Внатре во замокот има капела во форма на базилика.
Музеј и ресторан Во 18 век, едно домородно семејство во внатрешниот замок изградило дрвена куќа со два огромни еркери на двата краја. Позната како „Домот Кадемоглу“, оваа типична отоманска архитектонска куќа е обележје на Фатса. По првичната реставрација од страна на Министерството за култура и туризам во 2009 година, куќата се користи како етнографски музеј и ресторан за регионална кујна под името „Куќа Хазнедароглу“.
Наводи
Категорија:Ресторани во Турција Категорија:Тврдини во Турција Категорија:Статии со извори на турски (tr) Категорија:Координати на Википодатоците