Во сликарството, капричо — архитектонска фантазија која спојува згради, археолошки урнатини и други архитектонски елементи во фиктивни и често фантастични комбинации. Овие слики може да вклучуваат и стафаж (фигури). Капричо спаѓа под поопштиот термин пределно сликарство. Овој стил на сликарство бил воведен во ренесансата и продолжил во барокот.

До крајот на 18 век, терминот се проширил и означувал која било слика со еквивалентен степен на фантазија, на пример како што се употребува во насловите на графичките серии на Џовани Батиста Тјеполо и Франсиско Гоја, кои двајцата се фокусираат на фигури, а не на архитектура.

Терминот се употребува и за други видови уметност со елементи на фантазија (во музиката на пример).

Капричо стил Постојат неколку етимологии кои се предложени за името капричо, од кои едната е изведена од италијанскиот збор капрето, што грубо се преведува како непредвидливо движење и однесување на млада коза. Оваа етимологија сугерира дека уметничкиот стил е непредвидлив и отворен колку што може да го направи имагинацијата.

Во 17 век, Филипо Балдинучи го дефинирал капричото како сонливо толкување на темата на делото што произлегува од слободната имагинација. Делата на овој стил честопати опкружуваат архитектура која е изменета со дела од поглед кој ја зема предвид уметничката слобода. Капричо често ги зема постоечките структури и ги сместува во повторно замислени поставки и карактеристики. Сликите можат да бидат било што, од преосмислување на зграда во иднина како урнатини, до поставување на структура во сосема поинаква околина од онаа во која постои во реалноста. Темите на сликите во капричо не можат да се сметаат за точен приказ поради фантастичната природа на жанрот.

Архитектот Дејвид Мајерник наведел четири теми кои се среќаваат во капричо:

Спојување на темата на непознати начини Замислување на различни состојби на субјектот, како на пример зграда во иднината што е уништена или истрошена со текот на времето Промена на големината и размерот на предметот Земање слобода со големи карактеристики, како што се градови, фонтани итн.

Кога уметниците биле задолжени да создадат слика од архитектонско дело, не биле посебно загрижени за точен приказ на објектот кој го сликаат. Наместо тоа, тие би можеле да бидат послободни во однос на толкувањето и уметничката лиценца. Ова им овозможило на уметниците да додаваат украси или други архитектонски елементи по сопствена желба. Оваа уметничка слобода овозможува постојана преобразба на објектот кој се слика. Ова било потпомогнато од фактот што архитектурата најчесто е составена од силни линии, и хоризонтални и вертикални, кои можат да бидат аналогни на други архитектонски дела, овозможувајќи земање делови од други архитектонски дела и нивно вклопување во новиот уметнички поглед на одредена зграда што се пресоздавала во форма на капричо. Некои уметници земале елементи што не припаѓале на оригиналната инспирација, како што се луѓе, животни или растенија, и ги вградиле во делото. Во сферата на капричо, сликата на објектот не е запис или историја, туку пред сè е уметничко дело.

Бидејќи сликите во овој стил биле пресоздавани од различни уметници, оригиналната форма на субјектот можела да се оддалечи подалеку од реалноста. Ова дополнително им овозможувало на уметниците да си дозволат слобода со архитектонските репертуалции. Се смета дека капричо стилот е форма на уметност која се додворува на естетиката на гледачот преку слобода со екстравагантност, што на крајот се претвори во уметност која е намерно фантастична во однос на оригиналното архитектонско дело.

Историја Претходникот на овој вид украсно архитектонско сликарство може да се најде во италијанското сликарство од 16 век, а особено во архитектонските поставки кои биле насликани како рамка на големи фрески и тавански украси познати како „квадратура“. Овие архитектонски елементи добиле на важност во сликарството од 17 век и станале самостојни теми на штафелајни слики.

Меѓу раните практичари на жанрот кои го направиле популарен во Рим од средината на 17 век се Алесандро Салучи и Вивијано Кодаци. Овие уметници претставуваат два различни пристапи кон жанрот: они на Кодаци биле пореални од оние на Салучи, кој покажало поголема креативност и слобода во својот пристап со преуредување на римските споменици за да одговараат на неговите композициски цели. Importante architettura di Alessandro Salucci (Firenze 1590-Roma dopo il 1650) at Antiquares „Квадратурните“ фрески на Агостино Таси и урбаните погледи на Клод Лорен и Херман ван Сваневелт, кои ги видел во Рим, можеби го поттикнале Вивијано Кодаци да почне да слика во капричо стил.

Добро познат поборник на капричо стилот бил уметникот Џовани Паоло Панини (1691–1765). Овој стил бил проширен во 1740-тите од Каналето во неговите гравирани „Идеални погледи“ и делата на Пиранези и неговите имитатори.

Подоцнежните примери вклучуваат „Почитта кон Сер Кристофер Рен“ и „Сонот на еден професор“ од Чарлс Роберт Кокерел, како и „Јавни и приватни згради од 1818 година, изградени од Сер Џон Соун“ од Џозеф Ганди. Уметникот Карл Лаубин насликал голем број современи слики во чест на овие дела.

Понатамошни фантастични проширувања може да се видат кај влијателна серија гравури од Џовани Батиста Тјеполо, кој ги сведел архитектонските елементи на парчиња класични статуи и урнатини, меѓу кои мали групи составени од егзотични и елегантни фигури на војници, филозофи и убави млади луѓе кои си ја вршат својата енигматична работа. Ниту еден поединечен наслов не помага да се објаснат овие дела; расположението и стилот се наоѓаат насекаде. Подоцнежната серија била наречена Шерци ди фантазија – „Фантастични скици“. Неговиот син Доменико Тјеполо бил меѓу оние кои ги имитирале овие графики, честопати користејќи го терминот во насловите.

Серијата од осумдесет графики на Гоја, „Капричосите“, и последната група графики во неговата серија „Ужасите на војната“, кои ги нарекол „caprichos enfáticos“ („емфатични каприци“), се далеку од духот на лежерната фантазија што терминот обично го сугерира. Тие го земаат форматот на Тјеполо за група фигури, веќе извлечени од современиот шпански живот, и претставуваат серија дивјачки сатири и коментари за неговата апсурдност, многу од нив само делумно објаснети со кратки наслови. „Сонот на разумот раѓа чудовишта“ е најпозната.

Значајни уметници Пјетро Капели Шарл-Луј Клерисо Леонардо Кокоранте Вивијано Кодаци Доменико Гарџиуло Џовани Гисолфи Џенаро Греко Франческо Гварди Асканио Лучијано Пјетро Палтрониери Џовани Паоло Панини Џовани Батиста Пиранези Хуберт Роберт Марко Ричи Себастијан Петер Алесандро Салучи

Наводи

Надворешни врски 17th and 18th century Italian Ruin Paintings: Picturing the Past and Its Remains

Категорија:Италијански зборови Категорија:Пределни слики Категорија:Ликовна уметност