Џон Хеслоп-Харисон (р. , Мидлсбро – п. ) — британски војник и ботаничар.

Ран живот и образование Роден бил во Мидлсбро, син на Џон Вилијам Хеслоп-Харисон и неговата сопруга Кристијан Хендерсон, неговиот постар брат бил Џорџ Хеслоп-Харисон.

Набргу по раѓањето на Џон, неговиот татко, во тоа време наставник во средното училиште Мидлсбро, прифатил позиција на Универзитетот во Дурам како предавач по зоологија, а семејството се преселило во Биртли, родното место на неговиот татко. Тој ги завршил испитите за високо образование во 1938 година, постигнувајќи високи оценки по хемија и физика, но не доволно високи оценки по математика за да ја освои државната стипендија што му била потребна за да оди на универзитетите во Оксфорд или Кембриџ. Тој го положил и испитот за стипендии на колеџот Кингс, но не се покажал доволно добро по хемија за да биде примен. Откако се вратил од одмор во Рам, открил дека едно од момчињата над него се откажало од студиите, и сега можел да аплицира за стипендија од 60 фунти годишно за да студирал на Кралскиот колеџ во Њукасл, што и го направил во октомври 1938 година за да студирал хемија, зоологија и ботаника. Директор во Кралските ботанички градини во Кју Во 1970 година формално му било понудена позицијата како директор на Кралските ботанички градини во Кју. Тој поминал околу една година како директор во учење, без службени должности и без плата и поголемиот дел од ова време го поминал истражувајќи за својата позиција, што значи дека до моментот кога бил официјално назначен, тој имал јасна претстава за насоката во која сакал да ги води градините. Во 1974 година тој го одржал Кроновското предавање на Кралското друштво, а неговата презентација била добро прифатена. Тој направил големи промени во начинот на кој работел институтот, но се судрил со владата, која го финансирала институтот, и на крајот поднел оставка во 1976 година, првиот директор што го сторил тоа откако позицијата била создадена во 1822 година.

По Кју Откако го напуштил Кју, му било понудена позиција како истражувачки професор во Кралското друштво на Универзитетот Абериствит, кој го прифатил, станувајќи темелно зафатен со истражување; од неговото заминување од Кју па крајот на неговиот работен период таму, објавил 106 трудови. Во 1982 година, заедно со неговата сопруга, тој бил награден со Дарвиновиот медал на Кралското друштво, а истата година бил прогласен за почесен член на Американската академија на уметностите и науките. Во 1982 година добил почесен докторат од Батскиот универзитет. Во 1985 година се пензионирал како истражувачки професор поради старосната граница, но и тој и Јоланда биле прогласени за почесни гостувачки работници. Во 1996 година тој бил награден со Линеев медал и Кралски медал. Тој починал на 8 мај 1998 година.

Наводи

Категорија:Носители на Кралскиот медал Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Англиски биолози Категорија:Починати во 1998 година Категорија:Родени во 1920 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Британски ботаничари