КазашкиПонекогаш погрешно се именува и како „казачки“ или „казахстански јазик“. (самонар. қазақ тілі, qazaq tili) — јазик од туркиското семејство кој се зборува претежно во Казахстан, каде е и службен јазик. Казашкиот јазик е дел од подгрупата на кипчачки јазици. Сродни јазици на казашкиот јазик се ногајскиот јазик и каракалпачкиот јазик. Главно писмо за пишување на јазикот е кирилицата.
Распространетост Казашкиот јазик се зборува претежно од Казаци на територијата на Казахстан од Каспиското Езеро до планините Тјеншан. Казашкиот е службен државен јазик во Казахстан. Казашкиот исто така се зборува и во Кина, во автономниот регион Синкјанг. Според пописот во Русија од 2002 година, во државата имало 560.000 луѓе кои зборувале казашки. Останати држави каде се зборува казашкиот се Монголија, Узбекистан, Авганистан, Иран, Турција и останатата казашка дијаспора.
Писмо
Денес во Казахстан и Монголија казашкиот јазик се запишува со кирилица. Казаците кои живеат во Кина користат арапско писмо, кое е слично со арапското писмо кое го користи ујгурскиот јазик. Најстарите запишани документи на јазик сличен со казашкиот биле напишани со орхонско писмо. Сепак, денес не се верува дека тие се директни наследници на казашкиот. Модерниот казашки се запишувал на кирилица, латиница и арапско писмо.
Во октомври 2006 година, Нурсултан Назарбаев, претседателот на Казахстан, ја предложил идејата за користење на латиницата наместо кирилицата како официјално писмо на казашкиот во државата. Казашка владина студија во септември 2007 година образложила дека промената на писмото може да трае 10 до 12 години и истото би чинело 300 милиони долари. Сепак, на 13 декември 2007 година, казашкиот претседател изјавил да не се менува писмото, бидејќи „веќе 70 години Казахстанците читале и пишувале на кирилица. Повеќе од 100 националности живеат во нашата држава. Поради тоа ни треба стабилност и мир. Ние не треба да брзаме при промената на писмото.“
кирилицаарапско писмолатиницамакедонски Барлық адамдар тумысынан азат және қадір-қасиеті мен кұқықтары тең болып дүниеге келеді. Адамдарға ақыл-парасат, ар-ождан берілген, сондықтан олар бір-бірімен туыстық, бауырмалдық қарым-қатынас жасаулары тиіс.بارلىق ادامدار تۋمىسىنان ازات جانە قادىر-قاسيەتى مەن كۇقىقتارى تەڭ بولىپ دۇنيەگە كەلەدى. ادامدارعا اقىل-پاراسات، ار-وجدان بەرىلگەن، سوندىقتان ولار ءبىر-بىرىمەن تۋىستىق، باۋىرمالدىق قارىم-قاتىناس جاساۋلارى ءتيىس.Barlıq adamdar twmısınan azat jäne qadir-qasïyeti men kuqıqtarı teñ bolıp dünïyege keledi. Adamdarğa aqıl-parasat, ar-ojdan berilgen, sondıqtan olar bir-birimen twıstıq, bawırmaldıq qarım-qatınas jasawları tïis.Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Гласовен систем
Самогласки
+ Казашки самогласки Предни Централни Задни Затворени Средни Отворени
Согласки
Казашки согласки билабијални лабио-забни забно-алвеоларни посталвеоларни непчани меконепчани увуларни [глоталниносни експлозивни фрикативни африкативнивевни апроксимантни
Следните букви не се означуваат како одделни, туку се разликуваат по местото каде се формираат:
Предни Задни
Следните се разликуваат според тоа дали им претходат и следат самогласки С_С секаде
Морфологија и синтакса
Казашкиот јазик е јазик каде глаголот е на крајната позиција во реченицата. Сепак, во јазикот може да се користи и реченичкиот ред подмер-глагол-предмет.Beltranslations.com
Падежи
Казашкиот има 7 падежи. Падежните наставки се ставаат на последниот елемент од фразата. Наставките може да се менуваат во зависност од природата на самогласката. Падежите во казашкиот се:
+падежморфемаможни формикеме „брод“ауа „воздух“шелек „кофа“сәбіз „морков“бас „глава“тұз „сол“Ном. ——кемеауашелексәбізбастұзАку. -NI-ні, -ны, -ді, -ды, -ті, -ты, -нкеменіауанышелектісәбіздібастытұздыГен. -NIŋ-нің, -ның, -дің, -дың, -тің, -тыңкеменіңауаныңшелектіңсәбіздіңбастыңтұздыңДат. -GA-ге, -ға, -ке, -қа, -не, -накемегеауағашелеккесәбізгебасқатұзғаЛок. -DA-де, -да, -те, -такемедеауадашелектесәбіздебастатұздаАбл. -DAn-ден, -дан, -тен, -тан, -нен, -нанкемеденауаданшелектенсәбізденбастантұзданИнс. -Men-мен(ен) -бен(ен) -пен(ен)кемеменауаменшелекпенсәбізбенбаспентұзбен
Лични заменки
Казашкиот јазик има осум лични заменки:
+еднинамножинаказашкимакедонскиказашкимакедонскиМен (Men)јасБіз (Biz)ниеСен (Sen)тиСендер (Sender)виеСіз (Siz)ти (формално)Сіздер (Sizder)вие (формално)Ол (Ol)тој, таа, тоаОлар (Olar)тие
Личните заменки можат да се деклинираат. Множинските лични заменки немаат неправилни форми, додека еднинските имаат.
+Ном.менсенсізолбізсендерсіздероларАку.менісенісіздіоныбіздісендердісіздердіолардыГен.меніңсеніңсіздіңоныңбіздіңсендердіңсіздердіңолардыңдат.мағансағансізгеоғанбізгесендергесіздергеоларғаЛок.мендесендесіздеондабіздесендердесіздердеолардаАбл.мененсененсізденонанбізденсендерденсіздерденоларданИнст.меніменсеніменсізбеноныменбізбенсендерменсіздерменолармен
Морфеми кои се користат за означување на лицето се:
+лична заменкакопуланаставка за присвојностминатост/ услов1 л. ед.мен-MIn-(I)m-(I)m2 л. ед.сен-sIŋ-(I)ŋ-(I)ŋ2 л. ед.сіз-sIz-(I)ŋIz-(I)ŋIz3 л. ед.ол—-(s)I(n)—1 л. мн.біз-MIz-(I)mIz-(I)K2 л. мн.сендер-sIŋdAr-(I)ŋ-(I)ŋ2л. мн. (формално)сіздер-sIzdAr-(I)ŋIz-(I)nIz3 л. мн.олар—-(s)I(n)—
Време, аспект и начин
Казашкиот може да искаже различни комбинации на време, аспект и начин преку глаголските форми.
+Сегашен аспект казашкиаспектмакедонскиЖеймінсвршенЈас јадам.Жеп жатырмыннесвршенЈас јадам [сега].Жеп отырмыннесвршен/дуративенЈас [седам и] јадам. / Јас сум јадел.Жеп тұрмыннесвршен/точенЈас сум [во средина на] јадење [во овој момент].Жеп жүрміннавика/зачестенЈас јадам [на пр. ручек секој ден].
Наводи
Поврзано
Кипчачки јазици Туркиски јазици Казашка азбука Казаци Казахстан
Надворешни врски Казашки јазик, азбука и изговор Алија Кужбекова, „Мината, сегашна и идна јазична политика во Казахстан“, 2003 Казашки претворач на кирилица-латиница-арапско писмо Руско-казашки и казашко-руски речник
* Категорија:Аглутинативни јазици Категорија:Јазици во Кина Категорија:Јазици во Русија Категорија:Јазици во Казахстан