Француска одбрана — шаховско отворање кое настанува со потезите: 1. e4 e6

Француската одбрана претставува солиден и флексибилен начин на отворање на играта, којшто м оже да му донесе мала стеснетост на црниот во првата фаза од играта. Црниот често добива можности за противнапад на дам,иното крило, додека белиот е концентриран на развој на играта на кралското крило.

Одбраната името го добила по кореспондентниот меч одигран помеѓу градовите Лондон и Париз одигран во 1834 (иако постојат примери на партии во кои и пред тоа се наоѓа ова отворање). Како одговор на 1.е4, на Француската одбрана е обрнувано многу мало внимание во XIX век во споредба со 1...е5. Првиот светски првак Вилхелм Штајниц рекол: „Никогаш во мојот живот не сум играл Француска одбрана, коешто е најглупавото отворање.“

Во раниот XX век, Геза Мароци можеби бил првиот шахист од светска класа кој го применил ова отворање како силно оружје насочено кон потегот 1.е4. Долго време, потегот 1...е6 бил трето најпопуларно решение на 1.е4, по потезите 1...с5 и 1...е5. И покрај тоа, според Mega Database 2007 во 2006, потегот 1...е6 беше втор најпопуларен по Сицилијанската одбрана.

Историски, најголем придонес во развојната ртеорија на ова отворање дале: Михаил Ботвиник, Виктор Корчној, Арон Нимцович, Тигран Петросјан, Лав Псакис, Волфганг Улман и Рафаел Ваганјан. Во најново време, ова отворање е често играно од: Евгени Бареев, Алексеј Дреев, Михаил Гуревич, Александар Калифман, Смбат Лпутјан, Александар Морозевич, Тејмур Раџабов и Најџел Шорт.

По воведните потези 1.е4 1...е6, играта најчесто продолжува со 2.d4 2...d5, каде белиот го зголемува својот напор во центарот, а црниот веднаш на ниашн го зема белиот пешак на е4. Во оваа позција белиот има неколку главни можности - тој може да ги смени пешаците, играјќи 3.ехd5, да продолжи со движење на е-пешакот со е5, или пак да го заштити играјќи 3.Sd2 или 3.Sс3.

Главни размислувања

На дијаграмот лево е претставена пешачката структура која е типична за Француската одбрана. Црниот има повеќе простор на даминото крило и се обидува да се фокусира и да јаз развива својата игра на таа страна од таблата. Тој скоро секогаш игра ...c7-c5 за да ја нападне основата на пешачката структура на белиот, а со тоа се подготвува и да игра со a и b пешаците.

Алтернативно и во исто време, црниот може да се о0биде да го разбие центарот на белиот, што ја стегнува неговата позиција. Обично, потегот ...c7-c5 не е доволен за да се развие ова, па црниот често игра и ...f7-f6. Доколку белиот го заштити пешакот на е5, играјќи f2-f4, тогаш црниот има две вообичаени идеи. Тој може директно да го нападне f-пешакот, играјќи ...g7-g5. Пешакот на g5 би бил и закана за понатамошно напредување на g4, принудувајќи го белиот коњ да отстапи од f3. Другата мо=жност е да се одигра ...fxe5 и ако белиот земе со f-пешакот, тогаш на црниот му е отворена f-вертикалата за неговиот топ. Бидејќи белиот коњ на f3 има значајна улога во заштита на пешаците на d4 и e5, црниот може со жртвата ...Rxf3 да го ослаби белиот центар. Од друга страна ако белиот одигра dxe5, тогаш се отвора дијагоналата a7-g1, ожнувајќи му ја можноста на белиот да рокира на пократката страна. Понекогаш, кога белиот е неразвиен и неговиот крал сѐ уште е во центарот, црниот може да жртвува фигура на e5 за целосно да го уништи центарот на белиот ио да започне напад.

Белиот обично се обидува да го искористи поголемиот слободен простор, кој го има на располагање на кралското крило, каде понекогаш може да создаде и матен напад. Белиот се обидува да го направи ова, на пр. во Алехин-Катардовиот напад. Друг пример е следнава линија од Класичната Француска одбрана: 1.e4 e6 2.d4 d5 3.Sc3 Sf6 4.Lg5 Le7 5.e5 Sfd7 6.Lxe7 Dxe7 7.f4 0-0 8.Sf3 c5 9.Ld3 (видете десно)

Белиот белополен ловец го има на вид слабиот пешак на h7, кој обично е заштитен само од коњот на f6, но овде тој е потиснат од пешакот на е5 и не го заштитува слабиот пешак. Типичен начин за белиот да го продолжи нападот е 9...cxd4 10.Lxh7+ Kxh7 11.Sg5+, каде црниот мора да ја „даде“ својат дама за да ја иазбегне матната закоан којашто го очекува, продолжувајќи со 11...Dxg5 12.fxg5 dxc3. Црниот има три лесни фигури за дама, што теоретски е еднаква размена, но неговиот крал е ранлив, па белиот има добри напаѓачки шанси.

Освен нападпт со фигури, белиот може да игра за да овозможи напредок на пешаците на кралското крило (особено значајна идеја во завршницата), што обично вклучува f2-f4, g2-g4 и тогаш f4-f5. Белиот пешак на f5 може да биде многу силен и може да се заканува да земе на е6 или да напредува на f6. Понекогаш играњето на h-пешакот на h5 или h6 може исто така што биде делотворно. Современата идеја на белиот е да обезбеди поголем простор на даминото крило, играјќи a2-a3 и b2-b4. Доколко ова се спроведе успешно, тоа би ги потиснало црните фигури уште повеќе.

Еден од најголемите проблеми за црниот во Француската одбрана е неговиот белополен ловец, кој е блокиран од неговиот пешак на е6. Овој ловец може да биде бескорисен во почетната фаза од партијата и црниот прави напори за да го ослободи (обично се пешачките удари ...c5 и ...f6). Често цитиран пример за можни слабости на ловецот е оној од партијата Тараш-Теихман, одиграна во Сан Себастијан во 1912, во која, дадената позиција (дијаграмот лево) е добиена по 15 одиграни потези во Класична Француска одбрана.

Овде црниот е доведен до комплетна пасивност. Ловецот на с8 е многу лошо поаставен, заробен од сопствените пшешаци на a6, b5, d5, e6 и f7. Белиот најверојатно ќе се обиде да го замени црниот коњ, којшто е единствената активна црна фигура. Иако може да се каже дека постои можност за црниот да ја одбрани оваа лоша позиција и да обезбеди реми, тоа не е лесно и бара грешки во играта од страна на белиот, по што црниот би имал шанси да организира контраигра. Во партијата Тараш-Теихман, белиот победил по 41 одигран потег. За да се избегне овој вид на фијаско, црниот обично си зема за прироитет во раната фаза на развојот на играта да најде начин за да го вклучи во игра и својот ранлив белополен ловец. Тој може да одигра ...Ld7-a4 за да го нападне пешакот на с2, што се појавува во многу линии на Винаверовата варијанта. Ако црниот f-пешак се наоѓа на f6, тогаш црниот може да смета на префрлање на ловецот на g6 или h5 преку d7 and e8. Ако белиот белополен ловец е позициониран на дијагоналата f1-a6, црниот може да се обиде да го замениoи, играјќи ...b6 и ...La6 или ...Db6, проследено со ...Ld7-Lb5.

Варијанта со размена: 3.exd5 exd5

Варојантата со размена била најверојатно најпопуларното продолжение за белиот во Француска одбрана во XIX век, но неговата популарност опаднала. Гари Каспаров експериментираше со ова отворање во почетокот на 1990-тите, но подоцна и тој се сврте на вообичаеното 3.Sc3. За забелешка е и тоа дека играта на црниот е многу полесна поради отворените линии, а црниот нема повеќе грижи со неговиот чувствителен белополен ловец од позатворените варијанти. is made much easier as his queen's bishop has been liberated. Може да се смета дека белиот има еднаквост поради симетричната позиција. Многу шахисти, кои се отвораат со 1.е4 се жалат дека Француската одбрана е многу тешко отворање за игра за нив, особено пшротив затворените структури и единствените стратегии. На пример, Боби Фишер бил очаен во играта против Француската одбрана. Освен тоа, многу шахисти избираат да ја играат варијантата со размена, бидејќи позицијата станува поедноставна и појасна. Белиот не ја задржува предноста од првиот потег, па тој ја избира оваа линија, надевајќи се за рано реми, а ремите и често се појавува, доколку ниту една од страните не ја наруши симетријата во позицијата. екстремен пример била партијата Капабланка-Мароци, одиграна покрај езерото Хопатконг во 1926. Партијата по варојантата со размена продолжила со: 4.Ld3 Ld6 5.Sf3 Sf6 6.0-0 0-0 7.Lg5 Lg4 8.Te1 Sbd7 9.Sbd2 c6 10.c3 Dc7 11.Dc2 Tfe8 12.Lh4 Lh5 13.Lg3 Lxg3 14.hxg3 Lg6 15.Txe8+ Txe8 16.Lxg6 hxg6 17.Te1 Txe1+ 18.Sxe1 Se8 19.Sd3 Sd6 20.Db3 a6 21.Kf1 1/2-1/2 (партијата може да ја разгледате овде).

И покрај тоа, симетричната пешачка структура на белиот не може да му гарантира реми. Обземеноста со добивање на понекогаш резултати на засраменост за белиот, како во партијата Татаи-Корчној, одиграна во Бишеба во 1978, којашто продолжила со 4.Ld3 c5!? 5.Sf3 Sc6 6.De2+ Le7 7.dxc5 Sf6 8.h3 O-O 9.O-O Lxc5 10.c3 Te8 11.Dc2 Dd6 12.Sbd2 Dg3 13.Lf5 Te2 14.Sd4 Sxd4 0-1 (партијата може да ја разгледате овде). Не толку екстремен случај била партијата Гуревич-Шорт, одиграна во Манила во 1990, каде белиот, силниот руски велемајстор Миахаил Гуревич играл отворено за реми, но бил совладан од Шорт по 42 одиграни потези.

За да создаде реални шанси за победа, белиот би морал да одигра c2-c4, со што би вршел притисокк на црниот пешак на d5. Црниот може да го остави белиот со изолиран d пешак, земајќи на c4, но ова има дава поголема слобода на белите фигури, што може да доведе до солидни напаѓачки шанси. Ова се појавува во линиите како 3.exd5 exd5 4.c4 и 4.Sf3 Ld6 5.c4. Во спротивно, доколку белиот одбие да го одигра ова, тогаш црниот го има силниот удар ...c7-c5 (на пр. 4.Bd3 c5). Оваа идеја била воведена од страна на Корчној, но најверојатно е најдобра за воздржување од оваа ризична ситуација за позиции кои мора да се добијат.

Доколку белиот не одигра c2-c4, тогаш ии тој и црниот би имале по два параметри за фигурите. Белиот би можел да ги постави своите фигури, преку Sf3, Ld3, Lg5 (врзувајќи го црниот коњ), Sc3, Dd2 или коњот на b1 да се најде на d2 и белиот би можел да го зацврсти центарот со c3 и можеби подоцна да одигра Db3. Во спротивно, кога коњот од b1 се наоѓа на c3, коњот на g1 би можел да дојде на e2, каде противничкиот ловец и коњ може да бидат задржени за клучните полиња e4 и g4, преку f3. Кога коњот е на c3 во првата и последната од овие стратегии, белиот може да одбере дали ќе рокира на пократката или на подолгата страна. Очигледно, рокирањето на спротивна страна води до динамична шаховска борба, а доколку и обата противници рокираат на пократката страна, тогаш можно е да се одигра било која од горенаведените варијанти. Позициите се симетрични поради тоа што можностите и стратегиите на обете страни се исти.

Друг начин ад се наруши симетријата и балансот во играта е белиот и црниот да рокираат на спротивни страни на таблата. Еден пример на оваа линија е: 4.Ld3 Sc6 5.c3 Ld6 6.Sf3 Lg4 7.0-0 Sge7 8.Te1 Dd7 9.Sbd2 0-0-0.

Варијанта со напредување:3.e5

Како и варијантата со размена, така и Варијантата со напредување била често играна во почетокот на развојот на анализите на Француската одбрана. Арон Нимцович верувал дека тоа е најдобриот избор за белиот и ја збогатил теоријата на оваа варијанта со интересни идеи. И покрај тоа, оваа варијанта ја изгубила својата популарност во XX век, сѐ додека повторно не била обновена идејата за оваа варијанта од страна на познатиот велемајстор и шаховски теоретичар Евгени СВешников, кој е водечки експерт за оваа линија. Во последните неколку години, оваа линија е популарна како и линијата со 3.Sd2 (Тарашова варијанта); велемајсторот Алексанадр Гришчук успешно ја применува оваа варијанта на највисоко ниво.

Главната линија во варијантата со напредување продолжува со 3...c5 4.c3 Sc6 5.Sf3. Постојат и други алтернативни стратегии, кои биле пробани на почетокот на XX век. Такви се 3... b6, настојувајќида се фјанкетира слабиот ловец или 3...Sc6, настојувајќи да го постави ловецот на f8 или d7, што е пасивно, но придобива услови за мала контраигра. Исто така, 4...Db6 5.Sf3 Ld7, настојувајќи со 6...Lb5 да го замени „лошиот“ белополен ловец, доколку тоа е можно.

По 5.Sf3, главни линии се 5...Db6 и 5...Ld7. Идејата зад потегот 5...Db6 е да се зголеми притисокот на d4 и евентуално да се наруши белиот центар. Потегот Db6 also исто така го напаѓа и чувствителниот пешак на b2, па белиот црнополен ловец не може лесно да го заштитува пешакот на d4 без да го остави незаштитен пешакот на b2.