right|thumb|Основачки конгрес на СБКК во Солун, септември 1908 г.

Соjузот на бугарските уставни клубови () — политичка партија создадена во Отоманското Царство после Младотурската револуција од членови на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација кои преминале во легалност. Постои малку повеќе од една година, од септември 1908 до ноември 1909 година. Основен политички противник им е Народната федеративна партија (Бугарска секција).

Создавање, цели и идеи

Од 7 до 13 септември во Солун се спроведува основачкиот конгрес на Соjузот на бугарските конституциони (уставни) клубови. На него присуствуваат 72 претставника на македонската бугарска буржоазија и само двајца земjоделци, еден занаетчија и еден работник. Се прифаќаат програмата и уставот на организацијата во коишто јасно се изнесени неjзините цели:

right|thumb|Првиот редовен конгрес на СБКК во Солун во 1909 година.

За членови на Централното биро се избрани Тома Карајовов, Владимир Руменов, Тодор Лазаров, а основачи се уште и Георги Кулишев, Георги Баждаров, Кирил Прличев, Андон Димитров, Христо Батанџиев, Симеон Радев и др. Христо Татарчев отворено го поддржува СБКК иако не учествува во неговата работа. После изборите на 25 октомври, СБКК внесува во парламентот два пратеника – Тодор Павлов од Скопjе и Панчо Дорев од Битола. Весникот „Отечество“ (Татковина) служи за разјаснување на идеите на политичката организација. Во број 43 од 18 јули 1909 година во статијата посветена на Илинденското востание се вели:

СБКК во своите програмски документи главно се залага за колективните права на одделните не-турски народности во империјата, аграрни и социјални реформи со цел за подобрување на положбата на христијанското население. Силно се акцентира автономијата на Македонија и Одринско, како и важната обединувачка улога на Бугарската егзархија како православна црква на сите тамошни Бугари. Организацијата се спротивставува на масовното колонизирање на македонските земjи со муслимански населеници.

Весникот „Работническа искра“, чиј уредник е Васил Главинов во бр.4 (Битола, 5.11.1909), во уводната статија „Партиите и работниците“ дава своја одлика на Сојузот на бугарските конституционии клубови:

Извори Аграрните односи во Македонија во XIX и почетокот на XX век, Христо Христов, Софија, 1964 г. Георги Баждаров, Моите спомени Антони Гиза, Балканските држави и македонското прашање Електронска енциклопедија „Историја на Бугарија“, ИК Труд, Сирма, 2003

Надворешни врски Создаден е СБКК, од мрежното место "БГ Историја" Македонски Научен Институт

Категорија:Отоманска Тракија Категорија:Политички партии во Отоманското Царство Категорија:Сојуз на бугарските конституциони клубови