Тајмс е Британски дневен национален весник, за првпат издаден во Лондон во 1785 г. под името Дејли универзал регистер (на 1 јануари 1788 г. се преимени во Тајмс). Тајмс и неговиот сестрински весник Сандеј тајмс (основан во 1821 г.) се објавуваат од страна на Тајмс Њуспејперс, од 1981 г. придружувани од Меѓународните вести, кои се во сопственост на Њус Корпорејшан групацијата под раководство на Руперт Мурдох. Тајмс и Сандеј Тајмс не ја делат редакцијата, тие се формирани самостојно и само имаат заедничко сопствеништво од 1967 г. Тајмс е првиот весник кој го сноси тоа име, позајмувајќи им го на бројни други весници од целиот свет, вклучувајќи ги Тајмс од Индија (1838 г.), на Среит Тајмс (1845 г.), Њујорк Тајмс (1851 г.), Ирски Тајмс (1859 г.), Лос Анџелес Тајмс (1881 г.), Сиетл Тајмс (1891 г.), Дејли Тајмс (Малави) (1900 г.), Канбера Тајмс (1926 г.), и Тајмс (Малта) (1935 г.). За различни цели, весникот некогаш се однесува како ,,Лондон тајмс” или ,,Тајмс од Лондон”, особено во Северна Америка. Тајмс е основоположник на сеприсутниот печатарски слог Тајмс Роман, развиен од страна Стенли Морисон од Тајмс во соработка со Mонотип корпорација за својата читливост во нискотехнолошкoто печатење. Во ноември 2006 г., Тајмс почна да ги печати насловите во нов фонт, Тајмс Модерн. Тајмс беше печатен во широко листен формат 219 години, но се префрли на помала димензија во 2004 г., во обид да биде попривлечен за помладите читатели и редовните патници кои го употребуваат јавниот превоз. Сандеј тајмс остана широко листен. Иако, традиционално умерен весник, понекогаш поддржувач на конзервативците, ја поддржуваше Лабуристичката партија во 2001 г. и 2005 г. на општи избори. Во 2004 г., според Меѓународното истражување за пазар и анкети (MORI- Market and Opinion Research International), гласачките намерите на својата читателите беа 40% за Конзервативната партија, 29% за либерал-демократите, 26% за Лабуристичката партија. Тајмс имаше просечната дневн тираж на 394.102 март 2012 г. Американското издание беше објавено на 6 јуни 2006 г.
Историја
Од 1785 до 1890 година
Тајмс е основан од издавачот Џон Волтер на 1 јануари 1785 г. како на Дејли универзал регистер, со Волтер во улога на уредник. Валтер го смени насловот по 940-тото издание на 1 јануари 1788 г. во Тајмс. Во 1803 г., Валтер го предаде сопствеништвото и редакцијата на неговиот син со истото име. Валтер постариот имаше поминато шеснаесет месеци во Њугејт затворот поради клевета отпечатена во весникот Тајмс, но неговите пионерски напори да се добие Континентални вести, особено од Франција, помогнаа да се изгради репутација на весникот меѓу политичките творци и капиталисти. Тајмс користеше придонеси од значајни личности во областа на политиката, науката, книжевноста и уметноста за изградба на својата репутација. Во поголемиот дел од почетокот, профитот на Тајмс беше многу голем и конкуренцијата беше сведена на минимална, па можеше да плаќаа далеку подобро од своите конкуренти за информации или писатели. Во 1809 г., Џон Стодарт беше назначен за главен и одговорен уредник, заменет во 1817 г. од Томас Барнс. Според Барнс и неговиот наследник во 1841 г., Џон Тадеус Делан, влијанието на Тајмс се зголеми, особено во политиката и во центарот на Лондон. Питер Фрејзер и Едвард Стерлинг беа двајца истакнати новинари, кои го здобија Тајмс со надуениот/сатиричниот прекар "громовникот" (од ,,Пред некој ден, ние грмевме во една статија за социјални и политички реформи.”).
Тајмс беше првиот весник кој испрати воени дописници за покривање на одредени конфликти. В.Х. Расел, дописник на весникот од армијата во Кримската војна, беше неизмерно влијателен со своите известувања назад во Англија. Во други настани на XIX век, Тајмс се спротивстави на укинувањето на Законот за житото, сè додека бројни демонстрации ја убедија редакцијата во спротивното, и само неволно поддржанта помош за жртвите во Големата глад во Ирска. Тој ентузијастички го поддржа Законот за реформи од 1832 г., кој ги намали корупцијата и ги зголеми на избирачите од 400 000 на 800 000 луѓе (сè уште мал број од населението). За време на Американската граѓанска војна, Тајмс ги претставуваше богатите класи, претпочитакќи ги сецесионистите, но тој не беше поддржувач на ропството.
Третиот Џон Волтер, внук на основачот, го наследи својот татко во 1847 г. Весникот продолжи како повеќе или помалку независно, но од 1850-тите Тајмс почна да страда од зголемувањето на конкуренцијата од Пени прес весниците, пред сè од Дејли телеграф и Морнинг пост.
Во текот на 19 век, тоа не беше реткост за Министерството за надворешни работи да им пријде на Тајмс и побара континентална интелигенција, кој честопати беше супериорна во однос на она што било пренесувало од официјалните извори.
Од 1890 до 1981 година
Во 1890 г., Тајмс се соочуваа со финансиски истребувања во сопствеништво на Артур Фрејзер Валтер, но тоа беше спасено од енергичниот уредник, Чарлс Фредерик Mоберли Бел. За време на неговиот мандат (1890-1911 г.), Тајмс стана поврзан со продажба на Енциклопедија Британика со користење методи од американскиот маркетинг воведени од Хорас Еверет Хупер и неговата рекламна извршна власт, Хенри Хакстон. Поради законските борби меѓу двајцата сопственици на Британика, Хупер и Валтер Монтгомери Џексон, Тајмс ја прекина врската во 1908 г. и беше купен од богаташот на пионерскиот весникот, Алфред Хармсофт, а подоцна Лорд Нортклиф.
Во колумните објавени на 29 и 31 јули 1914 г., Викхам Стид, главниот и одговорен уредник на Тајмс, рече дека британската империја треба да влезе во Првата светска војна. На 8 мај 1920 год, исто така, под редакција на Стид, Тајмс во воведна статија го поддржа антисемитскиот фалсификат Протоколите на зионските мудреци како вистински документ и кажа дека Евреите се најголемата опасност во светот. Во воведниот натпис,,Еврејската опасност, вознемирувачки список: Повик за јавна расправа”, Стид пишуваше за Протоколите на зионските мудреци: Вовлечен ред Што се овие ,,Протоколи”? Дали се тие веродостојни? Ако е така, собранието ги создаде овие планови и злорадствува над нивната Вовлечен ред експозиција? Дали се тие фалсификати? Ако е така, од каде доаѓа необјаснивта белешка за пророштвото, пророштва делумно Вовлечен ред исполнети, во дел досега поминати во начинот на исполнување? Следната година, кога Филип Греивс, Цариград (модерен Истанбул) дописник на весникот Тајмс, ги изложи на Протоколите како фалсификат, Тајмс го повеќе едиторијалот од претходната година.
Во 1922 г., Џон Џејкоб Астор, син на Виконт Астор, го купи Тајмс од имотот Нортклиф.. Весникот се стекна со озлогласеност во 1930-тите со застапување на германско смирување; тогашниот уредник Џефри Досон бил тесно во сојуз со оние од владата кои се занимавале со попуштање, особено Невил Чембрлен.
Ким Филби, советски двоен агент, беше дописник на весник во Шпанија за време на Шпанската граѓанска војна од крајот на 1930-тите. Филби беше пофален за неговата храброст во добивањето на висококвалитетни известувања од линиите на фронтот на крвавиот конфликт. Тој подоцна се приклучи во Дирекцијата за воено разузнавање, дел 6 (MI6) за време на Втората светска војна, кој беше унапреден во повисоките позиции по завршувањето на војната, а потоа на крајот, во 1963 г., избега во Советскиот Сојуз. Помеѓу 1941 и 1946 г., левоориентираниот британски историчар Е.Х. Кар беше помошник-уредник. Кар бил добро познат по силниот тон на неговите воведни статии. Во декември 1944 година, кога борбата избувна во Атина од Грчката комунистичка партија ЕЛАС и на британската армија, Кар во статијата на Тајмс застана на страната на комунистите, што доведе да го осудат Винстон Черчил и водачот пред Долниот Домот. Како резултат на статијата на Кар, Тајмс стана популарно познат за време на Втората светска војна како монета од три пени на Дејли (цената на Дејли беше еден пени). На 3 мај 1966 г. Тајмс почна со печатење на вести на насловната страница за првпат - претходно на насловната страница имаше мали огласи, обично од интерес на богатите класи во британското општество. Во 1967 г., членовите на семејството Астор го продадоа весникот на канадското богато издаваштво Рој Томсон. Томсон корпорејшн се спои со Сандеј тајмс за формирање на Тајмс Њуспејперс Лимитед.
Индустриски спор го поттикна менаџментот да го затвори весникот за речиси една година (1 декември 1978 г. - 12 ноември 1979 г.).
Управителот на Томсон корпорејшн се бореше за работа на бизнисот која се должи на енергетска криза од 1797 г. и барањата на синдикатот. Тој беше оставен без друг избор освен да ги спаси и двата наслови со изнаоѓање на купувач кој беше во позиција да гарантира опстанок на двата наслови, а исто така и оној кој имаше ресурси и се залагаше за финансирање на модерни печатења.
Се појавија неколку побарувачи, вклучувајќи ги и Роберт Максвел, Шпрт Роуланд и Лорд Ротхермер, но сепак, само еден купувач бил во позиција да ги исполнаи целосно задачите на Томсон, австралискиот медиумски богаташ Руперт Мурдок.
Од 1981та година до денес: Мурдок-ера
Во 1981 г., Тајмс и Сандеј тајмс беа купени од Томсон од Меѓународните вести на Руперт Мурдок. Придобивката беше проследена со три неделни интензивни преговори со синдикатите од страна на преговарачите во компанијата, Џон Колиер и Бил О'Нил.
По 14 години како уредник, Вилијам Рис-Мог поднесе оставка на функцијата по промена на сопственоста. Мурдок почна да го остава својот белег на весникот со назначување на Харолд Еванс како негова замена. Една од неговите најважни промени е воведување на нова технологија и ефикасност. Во периодот од март до мај 1982 год,, по договор со Унијата на печатарските работници, печатарскиот процес Линотајп кој се користеше за печатење на Тајмс од 19 век беше заменет со компјутерски податоци и фотослагање. Ова се одрази врз печатарските работници во Тајмс и Сандеј тајмс чиј број се намали за половина. Сепак, директното внесување на текст од страна на новинарите сè уште не беше постигнато и ова остана да биде привремена мерка до Вепинг спорот од 1986 г., кога Тајмс се пресели од новата печатна куќа во Греј ин роад (во близина на Флет улицата) на новите канцеларии во Вепинг. Роберт Фиск, седум пати по ред британски Меѓународен новинар на годината, во 1988 г., поднесе оставка како дописник од странство за она што го виде како "политичката цензура" во својата статија за срушувањето на Иран Ер летот 655 во јули 1988 г. Тој во детали напиша за неговата оставка. Во јуни 1990 г., Тајмс престана со користење на учтивите наслови (претставките ,,г-дин”, ,,г-ѓа”, или ,,г-ца”) за личности пред целосните имиња на првата референца, но и понатаму продолжи да ги користи пред презимиња на следните препораки. Поформалниот стил сега се употребува за страницата ,,Суд и социјални интереси”, иако "Г-ѓа" сега е прифатливо во тој дел, како и пред презимиња во делот за вестите. Во ноември 2003 г., Меѓународните вести започнаа со производство на весникот и во голем формат и во половина формат. На 13 септември 2004 г., големиот викендски формат беше повлечен од продажба во Северна Ирска. Од 1 ноември 2004 г., весникот се отпечатени само во половина формат.
Конзервативната партија ги објави плановите за да започне судска постапка против Тајмс околу инцидентот во кој весникот тврди дека Конзервативниот изборен стратег Лунтон Крозби признал дека неговата партија нема да ги добие општите избори во 2005 г. Тајмс подоцна објави појаснување и парницата беше отфрлена. На 6 јуни 2005 г., Тајмс ги редизајнира своите страници за писма, со што ги отфрли адресите на дописничарите. Објавените писма беа долги и се сметаа како една од клучните состојки на весникот. Авторот/адвокатот Дејвид Грин на замокот Морис Пемброкешир имаше објавено повеќе писма на главната страница од кој било друг познат придонесувач - 158 до 31 јануари 2008 г.. Според својата водечка статија, „Од нашите дописници”, отстранување на целосните поштенски адреси беше за да собере повеќе букви на страницата.