Мадагаскарскиот пигмејски нилски коњ (Choeropsis madagascariensis) е вид кој првично бил ставен во родот hippopotamus заедно со H. lemerlei, со кои имаат слична големина. После дополнителни истражување на морфологијата и на живеалиштето, докажано е дека овој вид е поблизок до пигмејскиот нилски коњ (Choeropsis liberiensis).
Како и денешниот пигмејски нилски коњ, и овој вид слична поставеност на очите и слични заби. Се смета дека не поминувал премногу време во вода (како обичниот нилски коњ) поради многубројните фосили најдени длабоко во шумите на Мадагаскар.
Еволуција и класификација Фосили на двата вида на нилски коњи кои живееле на Мадагаскар покажуваат дека тие биле адаптирани за трчање низ шумите, што е адаптација поразлична од нилските коњи на африканскиот континент. Поради овие сличности се смета дека и двата вида потекнуваат од ист предок, а сличноста со денешните обични и пегмејски нилски коњ е резултат на паралелна еволуција .
Во 1849 година Мортон ги класифицирал овие животни во родот Choeropsis заедно со пигмејскиот нилски коњ, потоа во 1977 биле преместени во родот Hexaprotodon заедно со фосилните видови од Азија. После дополнителните истражувања е откриена е разлика помеѓу пигмејските и азиските нилски коњи, поради што првите се повторно префрлени во родот Choeropsis .
Овие нилски коњи живееле во шумите на островот Мадагаскар, но сѐ уште е непознато до кога биле присутни на островот. Најновите истражувања со јаглерод покажуваат дека фосилите датираат од 1000тата година од новата ераDewar 1984; Burney et al. 2004. Макфи и Флеминг во 1999 базирајќи се на усни преданија, предлагаат дека и можно нилски коњи да биле присутни и многу подоцна.
Можни причини за истребување Островските нилски коњи се смета дека биле лесен плен на човекот, што може да довело до нивно истребување. Мекфи и Барни во 1991 откриле докази за огромни гробници на нилски коњи во југозападен Мадагаскар кои датираат од првиот век од новата ера. Одтука се претпоставува дека на островот, човекот и нилските коњи живееле заедно најмалку 1000 години. Колку големо влијание имал човекот врз изумирањето на овие животни сѐ уште не е со сигурност утврдено.
Наводи
Надворешни врски МСЗП црвена листа
Категорија:Изумрени видови Категорија:Парнокопитни Категорија:Нилски коњи