Настани 1700 — во северозападен Тихи Океан се случил земјотрес со магнитуда 9, Јапонија била погодена од цунами. 1700 — започнала Големата северна војна меѓу Русија и Шведска. 1701 — започнала Војната за шпанското наследство во која била вклучена скоро цела Европа. 1701 — битка кај Карпи меѓу австриската и француската војска. Прва битка во Војната за шпанското наследство во која победа извојувале австриските снаги. 1701 — битка кај Кјари, дел од Војната за шпанското наследство. Победа извојувале австриските снаги под команда на Евгениј Савојски. 1701 — почнуваат да излегуваат првите дневни новини во Англија: Daily Courant и The Norwich Post. 1702 — битка кај Кремона дел од Војната за шпанското наследство меѓу австриските и француските трупи. 1702 — битка кај Фридлинген дел од Војната за шпанското наследство. Француската војска извојувала Пирова победа над војската на Светото Римско Царство. 1702 — шпанската и француската флота доживеале тежок пораз во заливот Виго од англо-холандската флота во текот на Војната за шпанското наследство. 1703 — Петар Велики го основа Санкт Петербург, новата руска престолнина на брегот на Балтикот. 1704 — во текот на Големата северна војна руските трупи под царот Петар Велики ги заземаат Тарту и Нарва. 1705 — Негушки бунт, спротивставување на собирањето данок во крв. 1707 — со соединување на шкотскиот и англискиот парламент било створено Кралството Велика Британија. 1707 — еруптирал вулканот Фуџи. 1708 — гладот убил третина од жителите на Источна Прусија.
Личности Родени 1700 — роден Даниел Бернули, швајцарски лекар, физичар и математичар. 1700 — роден Јоаникиј III Цариградски, вселенски патријарх. 1700 — роден Бартоломео Растрели, руски архитект со италијанско потекло. 1701 — роден Андерс Целзиус, шведски астроном. 1701 — роден Пјетро Фалка Лонги, италијански сликар. 1702 — родена Ен Бони, пират. 1702 — роден Легал де Кермер, француски шахист. 1703 — роден Џонатан Едвардс, теолог и мисионер кај домородните Американци. 1704 — роден Андрија Качиќ Миошиќ. 1704 — роден Морис Кантен де Ла Тур, француски портретист кој работел во стилот рококо. 1705 — роден Папа Климент XIV. 1706 — роден Бенџамин Френклин, американски научник и политичар. 1706 — роден Карл фон Лине, шведски ботаничар и лекар. 1707 — роден Фрањо Ксавер Пејачевиќ, хрватски историчар и теолог. 1707 — роден Карло Голдони, италијански комедиограф. 1707 — роден Леонард Ојлер, швајцарски математичар и физичар. 1707 — роден Луис I, шпански крал. 1708 — роден Франц I, владетел од Лотариншката династија како цар на Светото Римско Царство. 1709 — родена Елисавета Петровна, руска царица. 1709 — роден Џовани Доменико Маралди, италијанско-француски астроном.
Починати 1701 — починат Вилијам Кид, шкотски морепловец. 1702 — починат Амџазаде Ќопрулу Хусеин-паша, османлиски државник и голем везир на империјата. 1702 — починат Калиник II Цариградски, вселенски патријарх. 1703 — починат Мустафа II, дваесет и вториот султан на Отоманското Царство. 1703 — починат Шарл Перо, писател, собирач на народно творештво и член на Француската академија. 1703 — починат Роберт Хук, англиски физичар и секретар на Кралското друштво во Лондон. 1703 — починат Роберт Хук, англиски физичар. 1704 — починат Џон Лок, англиски филозоф. 1705 — починат Леополд I, владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство. 1705 — починат Џон Реј, англиски природонаучник. 1706 — починат Арсение III Црнојевиќ, пеќски патријарх. 1707 — починат Дитрих Букстехуде, данско–германски оргулар и композитор во барокниот период. 1707 — починат Гаврил III Цариградски, вселенски патријарх. 1707 — починат Џеремаја Кларк, англиски барокен композитор и оргулар. 1708 — починат Жил Ардуен Мансар, француски архитект.
Откритија
...
Наводи
Категорија:18 век Категорија:1700-ти