200px|thumb|right|Вампир, литографија на Р. де Моран (1864) Вампир — демонско битие што по смртта станува од гробот повиткано во бело платно, општата претстава за вампирот е и гајда (мев) полна со крв, која се тркала како топка. Според некои верувања вампирот бил невидлив освен за посебно обдарените, според некои бил како сенка, некои тврделе дека личел на човек, но бил создаден само од кожа и крв, наместо нос имал дупка, наместо очи имал црвенило како оган, имал големи заби, а некаде се зборува за отсуство на екстремитетите. Постоело и верување дека доколку некое животно го прескокнело починатиот пред да се повампири, тој можел да се трансформира во неговиот облик. Во Србија, Босна и Хрватска постои верување дека вампирот може да се претвори во пеперутка, бидејќи во бдеењето над покојникот најтешко било да се заштити телото од прелетување на пеперутките и другите инсекти. Вампирот има свој дом, тоа е гробот, а го напушта само ноќе. Само во сабота и при задушниците тој не може да го напушти гробот. За ова имаме и запис од Марко Цепенков:

Потекло на името Оксфордско-англискиот речник го забележува првото појавување на зборот „вампир“ во англискиот јазик во 1734 година, во патописот насловен „Патешествијата на троjцата англиски господа“, објавен во 1745 година. За вампирите веќе е дискутирано во германската книжевност. Откако Австрија се здобила со контрола над Србија во 1718 година, одговорните власти забележале месна практика на ексхумација на тела и „убиство на вампири“, а овие извештаи од 1725 – 1732 година се здобиваат со глобален публицитет.

Англискиот поим можеби е извлечен од француското „vampyre“ и од германското „vampir“, а и во почетокот на XVIII век од српското вампир/vampir, кога наводниот вампир Арнолд Паол е забележан во времето кога Србија се наоѓала во состав на Австриската империја. Српската форма има паралели во речиси сите словенски јазици. Точната етимологија е нејасна, помеѓу понудените прасловенски форми се *ǫpyrь и *ǫpirь. Друга помалку позната теорија е дека словенските јазици го позајмиле зборот од турскиот поим за „вештерка“ (на пример, Tatar).

Првата забележана употреба на старата руска форма „Упирь“ се верува дека е документирана уште во 1047 година. препис на книгата за псалмите, препишана од свештеник кој ја препишал книгата од глаголица на кирилица за принцот Владимир Јарославовиќ. Свештеникот пишува дека неговото име е „Упир/Upir“ означува нешто како ″чуден вампир″, а ова чудно име е наведено и за опстојувањето на паганството и употребата на прекари како лични имиња.

Друга рана употреба на старорускиот збор е во антипаганството „Зборот на светецот Григориј“ од 11 – 13 век, каде што се забележува паганско обожување на вампирите.

Настанување на вампирите

Кај повеќето Јужни Словени претставите за вампирите, нивното настанување и одбраната од нив се мошне слични, но не и идентични. Во Србија и Босна постоело верување дека вампирот настанувал од мртовецот во кој влегувал некаков ѓаволски или нечист дух поради причините кои понатаму ќе ги проследиме. Во Бугарија постои верување дека вампир настанува од секој неискапен мртовец. Поради тоа капењето на мртовецот има ритуално значење, секогаш го обавуваат возрасните од полот на починатиот, капењето се обавувало со вода и босилек и вино. Таа вода се фрлала далеку од домот бидејќи се сметала опасна за живите, а забележано е дека се употребувала и во црната магија.

Во некои краишта на Босна, Србија, Бугарија, Македонија е запомнето дека мртвите се премачкувале со вино и масло. И неоплаканите и неопеаните, како и некрстените (најчесто мали деца) биле сметани како подобни за повампирување. Исто така се верува дека се повампируваат луѓето кои никогаш не биле прободени, мртвите преку чие тело се ракувале луѓето, или доколку преку мртовецот или неговиот гроб преминела мачка, пес, глушец, птица. Како заштита од таквата можност воведено е бдеење над покојникот. Гробот на мртовецот се копал во денот на погребот со верување дека не смее да ноќева отворен токму поради можноста неке животно да влезе во него и да предизвика повампирување. И тажалките и оплакувањето на мртовецот подлегнувале под обредните кодекси како превентива од повампирување, ноќе не смеело да се оплакува мртвиот, исто така пред да биде подготвен за погребување не смеело да биде оплакуван. Од истите причини на мртовецот морале да му се затворат очите, а никој од погребната поворка не смеел да се сврти наназад.

Се верувало дека и анатемисаните и отфрлените од црквата и заедницата, потоа луѓето родени во нечистите (некрстените) денови, децата родени од мајка која во бременост јадела месо од умрено животно (без да е заклано и да му истекла крвта), луѓето кои по телото имале рани, исто така се повампирувале доколку раните не им биле исчистени со врело вино или масло. Во некои краишта се верувало дека и луѓето кои во животот правеле зло, убијци, крадци, развратници, алкохоличари и бајачки и гатари кои се занимавале со црна магија стануваат вампири. Како мерка за предострожност на покојниот во некои краишта му биле затворани усните, ноздрите и ушите со памук, а во Родопите (Бугарија) забележан е обичај врз мртовецот да се оставаат метални предмети од огништето, некаде се пали гробот два- три дена по погребот, бидејќи верувањето во огнот како апотропејно средство било вкоренето во нашите предци.

Луѓето кои починале од неприродна смрт, давење, убиство, самоубиство, погодени од гром, паднати од карпи според старите закони за погребување биле погребувани надвор од гробиштата без црковен (верски ритуал) и се сметало дека и тие се претворале во вампири или почесто во зли духови, сеништа.

Како превентива против повампирување во местото каде што починал човекот биле заковувани железни предмети, неретка била и практиката на мртовецот да му се забие метална шајка во стомакот или петицата, поретко во дланката. Со ова е поврзано верувањето дека доколку кожата не е цела ѓаволот од неа не може да направи гајде во кое ќе се движи лошиот дух или вампир. Некаде на местото каде што починал човекот било кршено јајце, некаде тоа се правело врз неговата глава, некаде му ставале сребрена пара во устата, а постоел и обичај околу гробот да се посее просо со зборовите ”кога ќе го преброи да се свампири”. Оставањето пара во устата на мртвиот е всушност поради плаќањето на патот кон оној свет, така се обезбедувало дека тој нема да заскита и да потпадне под влијанија на лошите сили.

Исто така се верувало дека постарите вампири за да бидат посилни создавале нови вампири кои ќе им служат. Тие му давале крв на човекот и потоа го убивале, а кога човекот ќе стане се разбудувал како вампир. Потоа тој морал да се напие човечка крв за ритуалот целосно да се изврши.

Народни верувања Вампиризмот постои милениуми во култури како што се:месапотамијците (вклучувајќи ги демоните Лилит и Едиму од сумериската, азирската и вавилонската митологија) Евреите, древните Грци и Роми имаат бајки за демони како што се сметаат за претходници на модерните вампири. Сепак и покрај појавата на вампироидни суштества во овие древни цивилизации, преданието за вампирот што го знаеме денес потекнува речиси ексклузивно од почетокот на 18 век во југоисточна европа, кога оралните традиции на многу етнички групи се забележани и објавени. Во многу случаи вампирите се олицетворенија на зли суштества, жртви самоубијци или вештерки, но можат да настанат и од зли духови кои ги опседнуваат лешовите или од каснување од друг вампир. Овие верувања толку се распространиле што во некои делови предизвикало масовна хистерија па дури и погубување на некои луѓе за кои се мислело дека се вампири.

Активноста на вампирот

Според верувањето на старите, вампирот одел по куќите каде тропал, расфрлал предмети, кршел садови и мебел, бркал добитокот, ги измачувал луѓето и ја пиел нивната крв. Според Марко Цепенков: “Никола т. Кртот кога умре се свапири и одеше по комшии да праит триста пакости; камења фрлаше по куќите, со грутки плитари врлаше во пенџерињата...”

Вампирите влегувале во домовите низ дупки, низ вратата, клучалката, оџакот бидејќи имале пивтиесто, аморфно тело, за него немало пречка ниту низ најмалата пукнатинка да се провре. Вампирот своите грди дејанија ги обавувал до првото јавување на петлите. Особено сакал да ги измачува луѓето кои лежеле на левата страна, понекогаш ги задушувал заспаните, а постои и верување дека можел да силува жени, но неретко се спомнува и дека се враќал кај сопствената жена со која општел пред смртта.

Основната храна на вампирот е крвта, почесто од добитокот, но неретко и од луѓето. Особено ја сакал крвта на жените и малите деца, а неретко ги јадел и штотуку венчаните. Музиката и танците им биле омилена забава, па на тој начин ги ловеле вампирџиите. Луѓето родени во сабота, некаде се прецизирало сабота пред Бадник или сабота во нечистите денови, или сабота пред Велигден или деца чија мајка починала пред тие да бидат родени, имале способност да ги препознаваат и гледаат вампирите. Се верувало дека пците имаат исто така способност на препознавање на вампирите и дека тие го најавувале со лаење нивното појавување.

Се верувало дека по четириесеттиот ден вампирот можел да го напушта гробот на подолго време, но и доколку не го уболе на време тој се засилувал поради испиената крв што дури и дење можел да се појавува и да им штети на луѓето. Се верувало дури дека по шест месеци или три години тој добива коски и станува човек кој одново започнува живот во местата каде не го познаваат.

Опис и чести додатоци Тешко е да се изведе една дефиниција за вампирот иако има многу чести елементи во многу европски легенди. Вампирите се опишуваат како надуени и груби, розови или темни суштества, овие одлики се поврзувани со пиењето на крвта, всушност се гледало излегување на крв од носот или устата при отворање на ковчегот, а и левото око било често отворено. Ги спалувале во она во што ги погребувале а се забележува дека и забите, косата и ноктите се пораснати, иако ова не се сигурни одлики.

thumb|260px|Вампирот од Филип Бурн-Џонс, 1897 година

Создавање на вампирите Причините за создавање на вампирска генерација се многу и варираат во оригиналните преданија. Во словенската и кинеската традиција, мртовец прескокнат од животно особено мачка или куче се смета дека ќе стане вампир. Исто така тело со отворена рана која не е посипана со врела вода. Во руските преданија се смета дека вампирите се вештерки кои некогаш биле луѓе додека не се побуниле против црквата. Културните практики често се споменувани како превенција на некој неодамна починат роднина за да не се повампири, како што се обратното погребување или поставувањето на српови или коси близу гробовите, за да ги задоволат демоните или да го спречат мртовецот да го напушти ковчегот. Овој метод е сличен со оној на Старите Грци кои ставале пари во устата на покојниот за да може да ја плати патарината и да ја помине реката стикс во подземниот свет, потоа, се вели дека паричката се става за да ги спречи злите демони да го опседнат трупот, а од ова можеби се настанати подоцнежните преданија за вампирите. Оваа традиција опстојува и во модерниот грчки фолклор за Vrykolakas каде што восочен крст и грне со натпис ″Исус Христос освојува″ се поставуваат на трупот за да се спречи мртовецот да се повампири. Други методи кои се користеле во европа се сечењето на тетивите на колената или поставување на просо или песок на гробот на новодниот вампир, ова се прави со цел за да мора вампирот да ги изброи паднатите зрнце преку ноќ кога ќе стане, ова укажува на фактот дека вампирите страдаат од аритмоманија. Слични кинески раскази сведочат дека ако вампирот наиде на вреќа полна со ориз првин мора да ги изброи зрната ориз. Ова потекнува од индискиот потконтинент како и јужноамериканските бајки за вештерки и други зли и пакосни суштества.

Препознавање на вампирите